
Резултати од истражување: Кој повеќе тренира строгост, мајката или таткото?
Со оглед на работите за кои константно водат грижат, се покажа кои се построги родители во поголемиот број на семејства.
Титулата на построг родител во поголемиот број на семејства и припаѓа на мајката, покажа едно истражување.
Истражувањето спроведено меѓу две илјади жени покажа како поголемиот број на мајки водат грижа за времето кое децата го поминуваат пред телевизор, во играњето игри на компјутер, количината на колачи и газирани пијалоци кои ги конзумираат, одењето на спиење, напишаните домашни задачи и оброците. Од друга страна, татковците се тие кои се грижат за однесувањето и дисциплината на децата.
“Родителите би требало да бидат тимски играчи кога е во прашање воспитувањето на нивните деца, меѓутоа секогаш еден родител е построг од другиот. Во повеќето случаи тоа се мајките”, кажа еден од истражувачите.
“Најчесто мајките се тие кои се строги, без оглед на тоа дали се работи за пишувањето на домашните задачи, балансираната исхрана или излегувањата. Татковците се поопуштени по тоа прашање, но повеќе се грижат за однесувањето на своето дете”, додаде истражувачот.
Студијата откри дека четири од десет мајки и татковци својот стил на родителство го опишуваат како благ, додека 31% сметаат дека се строги родители. 41% од испитаниците смета дека мајките се тие кои се построги во семејството, додека три од десет сметаат дека таа улога му припаѓа на таткото.
Интересно е, исто така, дека четири од десет родители пробуваат да ги подмитат своите деца со награда како би ги натерале да изедат се од чинијата, додека 38% од нив пробува тоа да го постигне со закани дека нешто ќе им одземат, на пример омилената играчка.