ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Ринитис во бременоста
    Ринитис во бременоста

    Ринитис во бременоста

    Симптомите на кивање и течење од носот не се реткост во бременоста. Ако пред бременоста сте имале проблем со ринитис, тој проблем може да се влоши. Во одредени ситуации, жените во текот на бременоста се чувствуваат подобро кога е овој проблем во прашање.

    Зошто се јавува течење од носот во бременоста?

    Најчести причини за оваа појава се: алергија, воспаление, воспаление на синусите или идиопатски ринитис. Најчести се проблемите во текот на последните два месеци од бременоста, а добрата вест е дека изчезнуваат после породувањето.

    Лечење на ринитис

    Изборот на терапија во овој период е од големо значење. Оралните деконгестиви треба да се избегнуваат во првите три месеци. Од антихистамиците, препорачливи се трихлофенирамин и трипеленамин. Псеудоефедринот треба да се избегнува. Кај алергискиот ринитис, покрај избегнувањето на предизвикувачкиот агенс, индуцирана е превентивна употреба на натриум-хромогликат. Кортикостероидите треба да се користат само во најмала количина и тоа само ако останатата терапија нема ефект. 

    Вазомоторниот ринитис (ринитис кој не е од инфективно или имунолошко потекло) го поттикнуваат промени во средината како што се ладен воздух, висока влажност, силни мириси, но и стрес. Добро се корегира со интраназален солен раствор. 

    Ако причината е синузитис (воспаление на синусите), во бременоста може да се користи амоксицилин или еритромицин. 

    Нормално, од најважно значење е секоја терапија да биде земена во консултација со лекар.