Ритуал пред спиење
Зошто се важни ритуалите пред спиење?
Колку побрзо бебето се навикне на ритуалите пред спиење тоа е многу подобро за него. Кога бебето ќе се роди може да се почне со некои од ритуалите (на пример капење, облекување на облека за спиење, хранење) и повторувајте ги секоја вечер ако е можно во исто време. Бебето многу брзо и лесно ќе се навикне на ритуалите и ќе му биде тешко да заспие без нив.
Зошто е тоа така? Бебето се чуствува поопуштено и смирено кога знае што му следува во одреден момент. Можеби вие можете да заспиете одма откако ќе легнете во својот кревет и го изгаснете светлото, но кај бебињата тоа не е можно. Бебето полесно ќе заспие ако е потполно релаксирано и кога знае што следува пред спиење (приказна пред спиење, некоја тивка игра, приспивна песна). Ритуалот треба да го почитувате и кога не сте дома, а на личноста која ќе го причува бебето кога вие и вашиот сопруг ќе излезете, кажете и какви се ритуалите на вашето бебе пред да заспие.
“Издувување”
Пред бебето да го ставите да спие, пуштете го добро за се издува-изигра! Нека се ослободи од вишокот на енергија: играјте се со него џиха, џиха, ставете го во џампер да се искока, фрлајте го во вис, скокоткајте го за да се смее и поттикнете го да игра-џуска… бебето нека го разликува типот на игра од онаа кога е во када или во кревет (раскажување на приказни пред спиење), кое би требало да биде помирно. Издувувањето би требало да биде прв чекор до времето за спиење.
Капење
Научете го бебето дека капењето претставува крај на денот и евентуално тоа е последна игра пред спиење. Бебеињата сакаат да се капат бидејќи тоа подразбира уживање во топла вода, прскање, пливање, смеење и играње со мама или тато, разголување… Ве потсетуваме дека капењето може да биде специјално резервирано за тато, поготово ако го доите и тој не може да учествува во хранењето на бебето.
“Работи” за пред спиење
Кога бебето ќе научи да седи можете да почнете да го ставате на нокшир, за да научи како е тоа да се мочка и кака, но не во пелена. Уште една битна навика која детето треба да ја научи како животна навика е и миењето на забите. Стручните лица советуваат дека со миење на забите треба да се почне со никнување на првото запче.
После капењето следува нега: мачкање со крема, давање на витамини кои ги препишал педијатарот, му се облекува чиста пижама, бебето се става во вреќа за спиење…
Тивки игри
Играње на некоја тивка игра со бебето на вашиот кревет во спална соба е убава прилика да поминете повеќе време со него. Тивката игра подразбира некоја забава за вас и бебето со која бебето нема превише да се возбуди-на пример игра со прстите, допирајте му на бебето прст по прст и пејте му некоја песничка. Друга интересна игра е да сокриете нешто во неговото креветче(плишана играчка, коцка, цуцла…) па заедно тоа да го барате. Кога предметот ќе го најдете, легнете го бебето со играчката и продолжете да играте и разговарате.
Разговарање
Времето за спиење е право време мама и тато да разговараат со своето бебе. Не треба да чекате вашето бебе да порасне за да почнете да разговарате со него. Теми има многу, ако не можете да се сетите, повторете ги оние работи кои вие и вашето бебе сте ги правеле дента. Вашето бебе сеуште не разбира, но вашиот глас ќе го опушти и смири па полесно ќе заспие.
Приказни пред спиење
Ова е прав евергрин ритуал за пред спиење. И со овој ритуал може да почнете кога новороденчето ќе дојде дома иако тоа не разбира што му раскажувате односно читате. Бебето така ќе научи да ги распознава тоновите и бојата на својот мајчин јазик. Испитувањата покажале дека вештината на говорот и интелегенцијата зависат од тоа колку зборови детето дневно слушнало.
Приспивна песна
Слободно пејте му на бебето приспивна песна, и ако немате слух-тоа не е музички критичар е нема да ви замери ако немате талент. Пеењето на приспивни песми, е еден од најстарите начини да се успие бебето. Бебињата многу сакаат да го слушаат гласот на мајката, затоа лесната и пријатна мелодија ќе го успие. Репертоарот не е важен, тоа може да бидат некој ваши омилени рок или поп мелодии, а можете и секоја вечер да ја повторувате истата мелодија.
Пуштете му на бебето некоја убава музика
Приспивните песни и музиката за смирување може да се пуштат и на CD –а или касета. Осберете музика за вашето бебе за успивање: тоа може да биде класична музика, стари народни приспивни песни, амиентална музика, детска музика… Лесната музика ќе му помогне на бебето лесно да заспие и да ја елиминира надворешната бучава.