
Рижото со ослич (возраст 12+ месеци)
Потребно:
-филе ослич
-ориз
-домат
-магдонос
-маслиново масло
-лук
-сок од лимон
Припрема:
Филето ослич прелијте го со маринада направена од сок од лимон, маслиново масло, лук и магдонос. Потоа ставете го во хартија за печење и печете го во рерна на температура од 180 до 200 степени. На друга страна згответе ориз во вода. Пред самиот крај додајте малку путер. Процедете го и додајте му обарен, излупен и исецкан домат. Исцепкајте ја рибата и измешајте ја со остатокот.
Совет
Лесно сварливите протеини од осличот во комбинација со оризот нема да го оптеретат стомакот на малечките. Сепак, доколку сакате, наместо ориз можете да користите просо или хељда.