Родители, обрнете внимание: некои здрави намирници можат да наштетат на вашите деца
Родители, обрнете внимание: некои здрави намирници можат да наштетат на вашите деца
Малите деца до две години воопшто не би требало да конзумираат мед, а суплементи можат да пијат само ако им се препишани од лекар.
Поголемиот број на деца во раната доба почнуваат да јадат храна со многу шеќери. Поради тоа им се менува вкусот, па и нормалната храна повеќе не делува привлечно.
Но тука е и онаа здрава храна која ја даваме на малечките верувајќи дека тоа е најдоброто нешто што го правиме, но всушност штети поради физиолошките карактеристики на детсткото тело.
Цеден сок
Џусот е многу популарен помеѓу храната за деца од различни возрасти. Но кога ќе го исцедите сокот добивате вкусна течност, додека поголемиот број на минерали и сите влакна ги фрлате заедно со делот од кората. Наместо тоа, подобро дајте им цел портокал да го изедат.
Внимателно бирајте го јогуртот
Како прво, никогаш не купувајте јогурт кој во продавница стои на отворена полица наместо во фржидер. Друго, веднаш заборавете на овошните и засладени јогурти, туку купувајте обични.
Житарки
Снегулки, мусли и слични житарки делуваат многу здрав избор, посебно што приозведувачот тврди дека содржи многу витамини и минерали. Сепак, она што нигде не го пишува е дека содржи многу шеќери и дека многу нутритиви ги губи во процесот на преработка. Затоа е најдобар избор да купите непреработени житарици и од нив да спремате каши со овошје, јогурт и семки.
Грозје
Здрави и сочни зрна на железо содржат многу минерали и витамини кои на децата им се неопходни, но се големи па лесно може да дојде до гушење . Освен тоа, грозјето многу тешко го вари детсткиот организам. Најдобра замена за ова овошје кај деца помали од две години се банани.
Мулти витамини
Првиот логичен избор на внес на витамини кај децата е храна. Суплементи можете да дадете само кога нема друг избор и тоа исклучително кога ќе се препишат од лекар.
Милкшејкот е поздрав од газиран сок
Всушност, еднакво се опасни и двата напитока бидејќи содржат многу масти и шеќери. Најдобар избор за најмладите е , секако вода, а потоа природни совои и незасладени чаеви.