ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Родителите поминуваат дури 82 дена во годината во заспивање на своите деца
    Родителите поминуваат дури 82 дена во годината во заспивање на своите деца

    Родителите поминуваат дури 82 дена во годината во заспивање на своите деца

    Новопечените родители поминуваат по 5 часа и 25 минути дневно пробувајќи да ги успијат своите новороденчиња, а тоа го прават со возење наоколу, одење или читање.

    Без оглед на тоа колку сте добри во менувањето на пелени или реагирањето на детскиот плач, постои една работа со која секој родител се бори – а тоа е нивното мало дете да заспие и да му пружи на родителот мир и тишина.

    Откриено е дека родителите поминуваат 1977 часа во годината во успивање на своето дете, а тоа е годишно околку 82 дена.

    Овие резултати ги доби истражувањето на Sleep Junkie, во кое се испитани родители кои имале дете во последните 18 месеци, а кои го опишале својот типичен ден.

    Новопечените родители поминуваат по 5 часа и 25 минути дневно пробувајќи да ги успијат своите новороденчиња, а тоа време во текот на годината брзо се собира.

    Исто така, родителите имаат прилично интересни начини на успивање. На пример, тоа го прават со возење наоколу, одење или читање на приказни за лесна ноќ. Во просек, родителите рекле како поминале 41 минута дневно возејќи со надеж дека детето ќе заспие. Исто така, оделе околку еден час и дваесет минути со детето во рацете како би го успале, што изнесува речиси седум километри.

    Родителите кои читаат, тоа го прават околу 34 минути на ден и во просек читаат 17 страници секој ден. Бидејќи околу малите бебиња секогаш има работа, тука е капењето, хранењето, носењето поради подригнување, преслекувањето и слично, па родителите на новороденчињата само пет проценти од денот го трошат за себе.