ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Родителски стравови
    Родителски стравови

    Родителски стравови

    Родителски стравови

    Што да направам, моето дете сеуште не проодело?
    Прочитајте неколку совети од педијатар.

    Бебето најчесто ги прави првите чекори помеѓу 9 и 12 месеци од својот живот, но е сосема нормално и доколку вашето дете тоа го направи подоцна.
    Во текот на првата година детето постепено развива кондиција, како и мускули на телото. Тоа учи да седи и да ползи. Голем број на деца почнуваат да одат уште од своите девет месеци, но подоцна е многу важно да постигнат сигурност и баланс. Некои деца дури и не проодуваат до 16 или 17 месеци , што е исто така во граница на нормала.
    Доколку на вашето дете му треба повеќе време за да научи како да се превртува или ползи, веројатно ќе му треба и неколку недели повеќе за да научи да оди.


    Најважно е да се следи развојот на неговите вештини, се додека вашето дете константно учи нови работи, нема потреба да се грижите во кој период ќе ги совлада.
    Доколку детето сеуште не проодело и до 18-тиот месец, обратете се на лекар со што би процениле какви се неговите говорни и психомоторни способности. Доколку тоа се случи подоцна, би било добро да одите на педијатар, кој може да ве упати на дополнителни прегледи или пак да ви препорача специјален програм за помагање.