
Родив син на 15 година. Тој 5 Јуни никогаш нема да го заборавам…
Беше петок 13. Воопшто не го сметав за несреќен баш напротив..
Го облеков мојот нов црн фустан и полна себе излегов во град да се забавува со другарките.
Бевме во диско игравме, пиевме, предобро се забавувавме.
Вечерта го запознав него, црн дечко како од моите соништа. Веднаш ме додаде на facebook и рече дека ќе ми пише.. така и беше…
После само половина час од како се запознавме ми пиша во инбокс дали сакам да се чекаме пред Холидеј Ин за 15 минути. Без размислување со голема возбуда отидов.
Ме качи во неговата кола, ме послужи со пиво и ми рече дека би сакал да ја помине ноќта со мене. Јас помалку се плашев но вистински сакав да го имам.. па решив дека еднаш се живее и се препуштив на чувствата.. му се предадов. Беше убаво… но толку само таа вечер. Дечкото исчезна, никогаш повеќе ни ми пиша, го сретнав но се правеше дека не ме познава..
Менструација добив во точно време, но тој месец ми каснеше цели 5 дена. Среќа бев блиска со мојата мајка па и ја раскажав целата ситуација. Веднаш ми купи тест за бременост, кој беше позитивен. Иако мајка ми лута на фактот како сум го дозволила тоа, решивме да го родам..
Него никогаш не го известив.. Еве сега имам синче веќе 2 годинки но сум самохрана мајка која на мои 17 години не ни има можност да реализира некаква кариера..
Затоа би сакала да апелирам до сите млади девојки, користете контрацепција.
Детето не е криво за ништо, треба да му овозможиме добар живот. Не се каам за ништо, веројатно требало, но сите ја одговораваме за своите постапки, така што мојот пример само нека биде лош пример за сите оние кои можеби ќе дојдат до слична ситуација… Внимавајте!