ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Рубини во лушпа (ВИДЕО И РЕЦЕПТИ)
    Рубини во лушпа - Калинка (ВИДЕО)

    Рубини во лушпа (ВИДЕО И РЕЦЕПТИ)

    Време е вистински да уживате во рубинести семчиња на калинката и добиете здравјеи имунитет кое ќе ве служи во сезоната што доаѓа. 

    Единствено калинката од многуте овошја содржи т.н. пуникалагини, што претставуваат силни антиоксидативни состојки, кои не само што го намалуваат холестеролот, туку го намалуваат и високиот крвен притисок. Исто така овие пуникалагини се покажале ефективни во намалување на ризикот од проблеми со крвните садови, што чашата со сок од калинка ја прави посупериорна од чашата вино.

    • Калинката се наоѓа на листата на храна со највисок антиоксидативен капацитет(OPAC)

    Калинката изобилува со Ц витамин, неопходен за синтеза на колаген. Таа е исто така богата со витамин К, витален за коските и коагулацијата на крвта, како и фолна киселина, витална за правилен развој на плодот.

    Инаку калинката не само што се јаде како свежо овошје, туку одлично се комбинира и во солени јадења, месо или во салата, а претставува одличен партнер за храна која изобилува со железо заради високата содржина на Ц витамин, па ќе ви направи услуга така што ќе апсорбирате најголем дел од железото во оброкот.

    За полесно конзумирање на калинката ви предлагаме да го погледнете видеото во продолжение. Заштедете време и конзумирајте колку можете повеќе од оваа чудотворна овошка, калинката.