Ручек за бебето: Домашна кашичка од компир
Кашичките од зеленчук, богати со витамини, можете многу брзо и лесно да ги направите сами. Правењето на кашички дома, од домашни производи, е многу едноставно, а секако е подобро за вашето бебе од купувањето на готови кашички. Предноста на домашните кашички е таа што точно знаете што вашето малечко јаде, сами ги одбирате намирниците, по можност домашни, проверени…ако имате услови од органско потекло, а и ќе заштедите многу пари.
Еве еден предлог:
Кашичка од компир
За припрема на пире, за бебето најдобар е белиот компир затоа што е мек и лесно се пасира. Нормално, кога ќе настапи сезоната на млад зеленчук, на бебето ќе му припремате млад компир.
Припрема:
Компирот можете да го излупите и да го исечете на коцки. Коцките од компир ставете ги во тенџере и полијте ги со вода. Варете на тивок оган и водете грижа водата да не испари. Компирот процедете го и пасирајте, а за разредување на оваа кашичка можете да ја користите водата во која компирот се варел, мајчино или адаптирано млеко. Додајте и парче путер, за пирето да биде повкусно.