
Салата од целер и јаболка
Потребно е:
2-3 лажици ленено масло, 4 лажици јаболков оцет, 2 лажици јогурт со низок процент на маснотии, 1 лажичка кари, на врв од ножот бел бибер, малку мелен ким(кумин), 1 кг кисели црвени јаболка, 100 гр суво грозје, 250 гр изрендан целер, морска сол, свеж мелен црн бибер, 4 лисја од зелена салата.
ПОДГОТОВКА
Подгответе го преливот: микс на масло и оцет, јогурт, кари, бел бибер и кумин. Промешајте добро. Изрендајте јаболка заедно со кората, додадете суво грозје и изрендан целер.Салатата може да ја сервирате на чинија во лисјата со зелена салата.