Салмонела во млеко!
Дефинитивно мајчиното млеко е најдобрата храна за бебето, тоа го докажа и Франција со забраната која ја спроведе овој месец за продавање на млечните беби формули и производи за бебе, која ги произведува францускиот гигант за млечна индустрија “Лакталис”. Млечната формула е повлечена од сите земји, бидејќи е откриена салмонела, која е опасна бактерија.
Заразата е откриена после сознанието дека кај 26 деца кои биле корисници на овој производ “Laktalis” е откриена цревна инфекција наречена салмонела. За да се прекине ширењето на оваа болест, Компанија “Лакталис” одлучи дека ќе повлече од производство околу 7.000 тона или барем она што не е продадено и потрошено.
“Лакталис” млечната формула се продаваше во пакувања од 350 до 950 грама.
Надлежните препорачуваат, без разлика што до сега немаше никакви проблеми, сепак не треба да ги храните вашите бебиња со ова млеко, дури и ако имате залихи, бидејќи произведувачот не знае точно кои производи се заразени со салмонела.
Инаку, оваа бактерија најчесто се среќава во летните месеци. Се појавува во термички недоволно добро обработено месо и јајца, недоволно добро измиено овошје или зеленчук и валкани раце. Иако кај здрави и повозрасни личности заразата, најчесто поминува без сериозни проблеми, опасна е доколку нападне хронично болни лица, трудници, мали деца, а посебно бебиња. При појава, постои голем ризик од дехидрација. Прв показател е дијарејата, повраќањето, губење на апетит, омалаксаност, зголемента температура. Бебето кое има салмонела, столицата му е многу честа, воденеста и со многу непријател мирис. Крв во столицата исто така знае да биде честа појава кај бебињата или многу малите деца и затоа е задолжително да ги однесете на лекар, а во меѓувреме да надокнадите со течност.