• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Сами направете аквариум од хратија
Сами направете аквариум од хратија

Сами направете аквариум од хратија

Сами направете аквариум од хратија

Празна кутија од корнфлекс или пак кекс се само неколку додатоци кои сигурно можете да ги најдете помеѓу децките играчки и брзо да ги претворите во мини аквариум со шарени рибчиња.

riba

Спремете ги ножиците, лепак, колаж во различни бои, каменчиња, школки, глина или сув пластелин, тенок картон, скалпер, конец за шиење.

Со скалперот или ножиците внимателно исечете ја предната страна на кутијата оставајќи рамка од околу 2 cm. Потоа аквариумот обложете го со колаж, на внатрешната страна залепете плава хартија, а на дно ставете ги каменчињата. Од глина или пак пластелин направете имитација на рељеф  на морско дно со внатрешната страна на кутијата, па потоа залешете ги школките. Морската трева направете ја од зелени цевчиња или тенок картон.

Сега на ред доаѓаат рибите. На тенкиот картон исцртајте неколку рибчиња и креирајте ги по шема и обојте ги по желба. На секое рибче залепете конец со селотејп на внтарешната страна која нема да биде видлива, па потоа на другата страна со конец залепете на врвот на кутијата.

Овој шарен аквариум сигурно ќе ги развесели децата и дневната соба.