Само еден чекор до совршена торта
Се ближи роденденот,се подготвувате за крштевка или некои други семејни прослави, секако сакате да ги изненадите најмалите со феноменална торта. Знаете што сакате, рецептот е пробан, но декорацијата баш и не ви оди од рака, па затоа декорацијата до сега одеше со посипување на разни мрвици по шлагот. Експериментирањето на вас не ви ни паднало на памет, бидејќи мислите дека тоа им успева само на слаткарите.
За среќа, воопшто не сте во право. Со наша помош и едноставно упатство со чекор по чекор, ќе го изненадите роденото дете и гостите.
Само напред…
Доколку го следите упатството од видеото, едноставно тестото кое ќе го направите со веќе испробан рецепт или можеби ќе го купите ,со поигрување на филовите и прехрмбените бои, обичните торти за кратко време ќе ги претворите во различни форми како еднорог, срце, зајче и многу други
Направете тесто, спремeте го филот, уклучете го видеото подолу и почнете со нас во оваа прекрасна авантура.