ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Самохраните мајки за своите права преку „Една Може“
    Самохраните мајки за своите права преку „Една Може"

    Самохраните мајки за своите права преку „Една Може“

    Во периодот од јуни – декември 2018, се одвива проектот на Една Може!- единствената организација за унапредување на права за самохрани родители – „Еднакви права и можности за самохраните мајки“, кој во себе содржи истражување на#СкриеноСекојдневие, #ПравниЛавиринти и #ПраваМожности кои се однесуваат на самохраните мајки кои ќе бидат проследени во експертска анализа од правен и родов аспект. Оваа анализа претставува придонес во напорите да се создаде сопфатен аргументиран документ – темел на кој ќе се гради понатамошното обезбедување на еднакви стартни позиции за жените самохрани мајки и конкретно еднородителскиот семеен конструкт.Исто така анализата претставува придонес кон унапредување на состојбата на самохраните мајки и специфичниот семеен конструкт и ќе биде основа за соодветен третман кон овие жени и нивните семејства.
    Целта е да се обезбеди основно разбирање за позициите на самохраните мајки, ретставнички на овој вид на семесјтва , да се истражат можности за преобмислување на правата и можностите преку измени и дополнувања на политики и мерки кои се однесуваат на нив.
    Нужноста на оваа анализа е преку емпириски податоци од дојави и поплаки на самата целна група, кон Една Може! Низ детална истражувачка работа, детектирано е непостоење на никакви конкретни и специфицирани политики и мерки а со тоа и игнорантнос кон овие жени и семејства.Потребата од континуирано унапредување на законодавството, локално и национално, ја согледуваме преку податоци за рапидниот пораст на степенот на сиромаштија, неможностите за економска слобода и стигматизација од околината, кои се во согласност со извештаите и препораките од ЕУ во однос на родовата нееднаквост и дискриминацијата врз жените.
    Оваа анализа е изработена со соработка на граѓанската организација Една Може! – Скопје и Фондацијата Kvinna till Kvinna – Стокхолм, низ проектот „Еднакви права и можности за самохраните мајки“, 2018 година, во Скопје, Р. Македонија.
    Заложбите од оваа анализа се да произлезе policy brief со препораки кои ќе трасираат понатамошни решенија кои нудат напредок на состојбата на жените самохрани мајки и еднородителски семејства, како и напредок на патот на остварување родова еднаквост и рава на жените.
    Во месец октомври, од прокетот ќе произлезат два јавни настани – Јавна расправа во Собранието на Р. Македонија и Национална Конференција посветена на истите прашања.

     

    превземено од www.kulturno.mk