ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Самохрано родителство. Совети за мајките кои сами го растат својот син
    Самохрано родителство. Совети за мајките кои сами го растат својот син

    Самохрано родителство. Совети за мајките кои сами го растат својот син

    После развод, во случаи на вонбрачни деца- заедницата на мајка и син крие во себе голем број на замки и предизвици. Полесно е да се разбере од повеќе аспекти со ист пол, но од друга страна пак секогаш имаме подобри разбирања со спротивниот пол. 

     Овие два елементи се идентификација на детето со спротивниот пол и разбирање на разликите помѓу половите. Овие елементи се и те како важни за секое дете, без разлика дали станува збор за момче или девојче, дали живеат само со еден родител или во комплетна заедница. 

     Сите ние во своето родителство правиме различни грешки. Пробуваме да бидеме што е возможно подобри родители, но тоа не е ни малку лесно. Во зависност од возраста на детето, неговите потреби, интересирања или опкружувања, нашата зрелост како родители, на големо зависи какви грешки ќе правиме или на колку предизвици ќе одолееме. 

     samohranamajka, babyshop, babyshopmk

    Најчестите грешки кои ги прават мајките кои живеат само со своите синове се:

     

    1.     Мајките обично сметаат дека е потешко да го одгледаат синот него ќерката

    Индивидуалната разлика како меѓу децата така и меѓу возрасните се многу големи. Доколку на самиот почеток заземете позиција дека ви е многу тешко и дозволите теретот кој го имате да го приметивашиот син, ќе чувствува вина и збунетост. Немојте да го оптеретувате со сопствените очекувања. 

    2.    Страв “Ја сум ти и мајка и татко”

    Иако, секако би било разбирливо ваквиот став да се јави без разлика на тоа дали живеете со син или ќерка, мајките често знаат да ги користат ваквите изјави, поготово кога се во прашање нивните синови. Треба да знаете дека ваквиот став е многу погрешен. Вие не сте а и не треба да бидете и мајка и татко. Самото тоа што сте самохран родител е доволно тешко. Од друга страна пак ваквата изјава носи друга грешка.

    3.    Претерано овозможување на буквално се – не прифатливо однесување

    Посебно во периодот на побртет, мајките се повлекуваат од развојот на детето. Често веруваат дека малку агресивност нема да наштети бидејќи имаат оправдување за своите пропусти бидејќи нели, тие на своите синови им биле и мајка и татко. Сепак без разлика на тоа колку вашата лична ситуација е тешка не можете лошите однесување на своето дете да го оправдување поради тоа што вие сте имале, таков живот.  

    Во предшколската возраста на детето, тоа и неговата мајка веќе на големо почнаат да го градат својот однос. 

    Игра – мајка и син

    Играта има огромна улога во развојот на детето. Машките деца во предшколска возраст ретко си играат со кукли, освен ако тоа не се некои суперхерои. Исто така, ретко си играат со нежни играчки каде има подолени улоги, како продавачки, мајки и слично, забавата ја бараат во така наречени машки играчки како што се автомобили, роботи, оружје. На мајките овие играчки и игри не им се блиски бидејќи тие никогаш не биле дел од нивното растење. Дури и кога ќе пробате да бидете соиграч на својот син-синови, и покрај надобрата и најголемата желба, обично тешко се снаоѓате.

    Иако мајките, многу потешко успеваат да се најдат во инетресирањата на своите синови, важно е детето да има свои врсници со кои ќе може во меѓусебна интеракција да се развива и да ги збогатува своите знаења. 

    Комунакација-мајка и син

    Самата природа налага дека обично момчињата не се доволно отворени и вешти во комуникациските вештини. Благодарение на тоа, мајките мораат да се истренираат во читање меѓу редови и на тој начин да ја препознаат нивната емоција и тогаш кога нивните синови нема ништо да изговорат. Мајките треба да го почитуваат нивното право на приватност, на молчење, нивните тајни… а пак од друга страна, секогаш да бидат запознаени со она што во моментот е важно. Освен ова, момчињата секако многу повеќе сакаат да си играат со врсниците него да разговараат. Ова не значи дека комуникацијата не им важна, туку дека од најрана возраст се третирани како момчиња. Сетете се на сите предрасуди поврзани со машкиот пол, дека они не плачат, дека на нив им е дозволено да бидат немирни, дека е добро ако се малку агресивни..). 

    Инсистирајте на разговор

    Многу е важно вашиот син и да не е премногу комуникативен, треба да е отворен и да не ве лаже. Немојте никогаш да ги потценувате своите синови. Се смета дека машките деца се помалку зрели, несигурни и помалку самостални. Но, се што е кажано во глобала не мора да значи и за вашиот син. Сето тоа зависи исклучиво од вас. Во разговорот со вашиот син бидете секогаш искрени, дури и некогаш ако е потребно бидете и сурови искрено одколку да лажете. Суровата вистина може да биде болна но сета таа болка е неспоредлива доколку треба да ја мерите со времето кое е потребно да се излечи истата и да ја кажете првенствено во завиена форма а потоа реална. Бидејќи за вашиот син завиената форма на вистината може да создаде долгорочна недоверба.Во ваков случај доколку пробате да се извадите на начин што ќе му кажете дека сте пробале да го излажете за негово добро, нема да биде баш утеха за вашето дете.  

    Дајте му вербална и невербална подршка

    Отворен пристап постигнувате кога ќе кажете “Гледам дека нешто те мачи, но незанaм што, Би ми било навистина драго доколку би сакал да ми се довериш. Можеби нема да можам да ти помоgнам, но сигурно ќе пробам да те разберам, исто како што е сигурно дека нашите две глави се попаметни од една. Те молам, немој никогаш да заборавиш колку те сакам и дека секогаш сум на твоја страна”. Кога вашиот син не е спремен да разговара, најдете друг начин да го потсетите дека може да сметана вас и дека вашата љубов према него нема ништо да ја промени. Купете му некое CD, компјутерска игра која ја сака, кола играчка, направете го омилениот колач, однесете му сендвич во соба, предложете некоја заедничка акција.

    samohranamajka, razvod, dete, babyshop, babyshopmk

    Не влагајте во неговата приватност

    Често е потребно вашето момче да има потреба некоја важна информација добро да ја размисли и прими во својата глава за да би можело да ја сподели со вас. Почекајте го правото време за да се отвори сам, наместо постојано да го прашувате или да пробувате на различни начини да дознаете. 

    Каде е тато ?

    Доколку момчето живее сам со својата мајка, поготово ако е единец- важно прашање е каде е неговиот татко?

    После разводот, многу честа појава е татковците да станат уште подобри татковци од претходно… колку и ова да звучи чудно. Причина за ваквата промене можеме да ја бараме во тоа што децата повеќе не се постојано присутни, па во периодот додека се заедно татковците навистина вложуваат во своето време, трпeливост и пред се неизмерна љубов. Друга важна причина е штооднесувањето на таткото е секогаш по смирена бидејќи страстите се смирени и престануваат нервозите помеѓу родителите. 

    Кога караниците конечно ќе престанат, двајцата партнери почнуваат да се вртат према себе и личните приоритети. За мајката обично тоа се детето, нејзината рабоа, кругот на пријатели…Татковците, исто така имаат слични приоритети, со таа разлика што детето во најголем дел од сличаите не е со нив односно не е постојано присутно во неговото секојдневие.

    Во секој случај, доколку таткото на детето е човек кој е спремен на соработка и договор, тоа треба и да се искористи, бидејќи тоа е во најголем инетерс за вашиот син. Зошто_

    Таткото представува рамнотежа на вашиот воспитен модел. Дури и кога овој модел е нешто што вие не го подржувате. На пример, тој е престрог а вие сте убедени дека вашата попустливост е права мера за поставување на авторитет. За детето е важно да ја познава оваа разлика. 

    samohranamajka, babyshop, babyshopmk

    Таткото ќе му овозможи на синот идентификација на својот пол. Иако вие имате најдобра намера, некои работи никогаш нема да успеете да ги објасните на својот син бидејќи некои работи едноставно не ви се доволно блиски. 

    Со таткото синовите можат да градат специфични односи базирани на “машки” интереси. Односно, таткото е идеален соговорник за разговор на тема за автомобили, мобилни телефони, компјутерски игри, технички достигнувања и слично. Вие од ваша страна, негувате и го подржувате овој однос, посебно доколку вашите интереси се поинакви. Овие разговори влијаат на тоа, вашиот син да развие поголеми искуства и познавања многу поголеми од оние кои би ги имал само доколку е ориентиран само на вас. 

     

    Препорака

    Препорака за самохраните мајки кои живеат само со своите синови:

    Однесувајте се према својот син како да расте во компетно семејство. Немојте да го жалите, оплакувате неговата тажна судбина, недозволувате да биде размазен, агресивен, лажлив и тоа само затоа што во своето детство не растел со татко. 

    Понудете му различно опкружување 

    Доколку е возможно задолжително вклучувајте го воспитувањето кое го практикува и таткото на вашето дете. Дозволете му на вашиот син да развива свои дружења, свои пријатели, да менува интереси. Важно е вие од ваша страна, неговите пријатели да ги познавате, и доколку е тоа неопходно, разумно критикувајте го. Децата се премногу осетливи кога станува збор за своето друштво, па затоа бидете внимателни во коментарите кои ќе ги давате.

    За да го зачувате сопственото внатрешно здравје, за вас е многу важно да бидете опкружени со пријатели. Доколку во вашиот свет не постои само вашиот син, односно имате и други работи за кои вреди да се живее, ќе успеете да го израснете без претерана амбициозност и очекување да биде совршен, односно дека мора да го оправда вашиот вложен труд. Истовремено, пријателите се најдобриот начин од себеси да го тргнете стресот кој сигурно смногукратно сте го имале веќе кога самите го одгледувате своето дете.

    Педагог, Јелена Холчер