• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  Се однесуваат ли татковците поинаку спрема ќерките?
Се однесуваат ли татковците поинаку спрема ќерките?

Се однесуваат ли татковците поинаку спрема ќерките?

Сите сме слушнале за изразот татина ќерка со кој често се нагласува посебната врска помеѓу таткото и ќерката. Дали има вистина во тоа? Се однесуваат ли татковците поинаку спрема своите мали принцези или е тоа само мит?

Новото истражување покажува дека татковците поинаку се однесуваат спрема ќерките во однос на синовите и дека таквото однесување има долгорочно влијание. Истражувањето е објавено во магазинот “Behavioral Neuroscience”, а проучувано е како мозокот на таткото реагира на двата пола и дали се однесуваат свесно или несвесно поинаку спрема ќерките односно синовите.

Во студијата учествувале 52 мажи кои имале деца од мала возраст (30 девојчиња и 22 момчиња) на подрачје на Атланта. Татковците биле повеќе внимателни спрема девојчињата, повеќе им пееле и користеле повеќе аналитички говор кога би разговарале за емоциите и телото. Со момчињата си играле погрубо отколку со девојчињата.

Со татковците е направен уште еден експеримент, нивниот мозок бил сниман додека гледале фотографии од непознати луѓе и деца, но и од сопствените деца со среќни, неутрални и тажни изрази на лицето. Татковците кои имале ќерка повеќе реагирале на своите ќерки со среќен израз на лицето во оние делови на мозокот кој е важен за емоции и награди. Со други зборови, татковците стануваат многу сентиментални кога ќе го видат среќното лице на својата ќерка, што и не е толку изненадувачки.

Делот од истражувањето кој најмногу ги изненадил научниците е поврзан со татковците кои имаат синови. Тие посилни реагирале на неутралниот израз на лицето на своите синови отколку татковците на девојчињата, што покажува дека татковците можеби повеќе преферираат емоционална двосмисленост и стоицизам за своите синови – сакале тоа да го признаат или не.

Реакцијата на тажниот израз на лицето на детето била иста кај сите татковци, без оглед на тоа дали имаат девојче или момче, родителското срце реагира исто на тажното дете.