Се породивте со царски рез? Ова се 8 работи кои никако не смеете да ги правите!
Дознајте што мајките не смеат да прават додека се опоравуваат од царски рез….
Царскиот рез е операција со која бебето доаѓа на свет. Како и после секоја операција, така и после царскиот рез потребно е време за опоравување со што најважно е да зарасне самиот рез.
Опоравувањето најчесто трае 6 недели, а во тој период жените треба да водат сметка, односно да избегнуваат некои активности, а тоа се:
1. Во тек на 6 недели по царскиот рез, избегнувајте да подигнувате било што, што е потешко од вашето новороденче, како и сите физички активности. Домашните обврски исто така пробајте да ги избегнувате што е можно подолго со што раната и резот би заздрабеле брзо.
2. Не се препорачува да седнете позади воланот барем првите 6 недели по породувањето со царски рез. Некои движења може да ви бидат болни неколку месеци по породувањето.
3. Не заборавајте да пиете доволно течнности
По царскиот рез многу жени имаат проблем со столицата бидејќи абдоменот е чувствутелен и боли. Затоа е важно да се пие доволно количина на течности и вода, да се јаде здраво и да се движите толку колку што ви е дозволено за да би можеле цревата да бидат активни и да не дојде до запек.
4. Избегнувајте да спиете на стомак. Спиењето на стомак може да го продолжи времето на зараснување на раната со оглед на тоа дека конците се под притисок. Спиењето на грб или на страна ќе ви биде многу поудобно. Спиењето на лева страна се препорачува посебно во случај кога мајката има висок притисок. Може да се случи самото вртење на страна да ви предизвикува нелагодност па дури и болка, но штом завземете позиција ќе ви биде многу подобро.
5. Избегнувајте сексуален однос во првите 6 недели по породувањето. Сексот може да биде болен а на раната и треба време да зарасне.
6. Избегнувајте користење на скали барем две недели по царскиот рез. Ако вашата соба или бебешката е сместена на спрат, преместувајте се привремено на приземје со што нема да треба да се движите горе-доле постојано. Кога ќе почнете да ги користите скалите тоа нека биде полека и внимателно.
7. Доколку добиете температура и чувствувате болка која не поминува, односно станува се појака и појака, немојте да ја занемарувате. Тоа може да биде знак на инфекција.
8. Избегнувајте бањање во када (бирајте туширање) или јавен базен се додека не ви зарасне раната или пак крварите (по царскиот рез, крварењето е вообичаена појава). Исто така избегнувајте користење на тампон.