ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Се што треба да знаете за микpoфлората кај доенчиња!
    Се што треба да знаете за миклофлората кај доенчиња!

    Се што треба да знаете за микpoфлората кај доенчиња!

    Претераното размножување на штетните бактерии во дигестивниот систем, доведува до пореметување на рамнотежа на цревната микрофолора. Овој дисбаланс го нарушува развојот на имунолошкиот систем, што како последица кај доенчињата може да предизвика:

    • Грчеви
    • Надуеност
    • Дијареа
    • Запек
    • Атопијски дерматит

    Пореметувањето на развојот на цревна микрофлора може да се очекува кај деца кои се родени со царски рез, деца кои се предвремено родени или кај деца чија мајка во бременоста примала антибиотици или пак им е давано на самите деца.
    Микрофлората кај доенчиња
    Заедница на микроорганизми која се нарекува микрофлора, а која настанува на човечките црева, има повеќе улоги. Од преработка на храна до “обликување” на имуниот систем.
    Додека детето сеуште е во матката, неговиот дигестивен систем доаѓа во контакт со микроорганизми но во многу мали количини. Интензивната колонизација на цревната микрофлора почнува непосредно по породувањето. Овој процес е од витално значење за довршување на развојот на имунолошкиот и дигестивен систем.
    Дијареа предизвикана од антибиотици
    Во текот на лечењето со антибиотици, на доенчето може да му се појават нуспојави. Тие вклучуваат пореметување и рамнотежа на цревните микробиоти кои можат да доведат до дијареа. Антибиотиците можат многу да ја оштетат бифидобактеријата кај деца и можат да го намалат нивниот број за 40 %. Додатокот на бифифобактеријата во текот или по терапија со антибиотик, може значајно да помогне во повторно воспоставување на рамнотежа на цревната микробиота кај децата. Непосакуваните фактори кои ја уништуваат цревната микробиота може да се појавуваат и по завршување на терапијата.
    Зајакнување на имунолошкиот систем
    Некои од главните предности на пробиотикот, а исто така и на бифидобактеријата, ја опфаќаат нивната способност да инхибираат патогени и да помогнат во одржување на недопрени, функционални слоеви на слузницата на дигестивниот систем. Пробиотиците се способни да комуницираат со имунолошкиот систем и да влијаат на истиот. Тоа е важно бидејќи околу 70% станици од имуниот систем поминуваат низ цревата. Со оглед на тоа дека со надокнадувањето на бифидобактеријата го зголемуваме имунолошкиот систем, можеме да ја зголемиме способноста на телото да се одбранува од вообичаените инфекции. На тој начин ќе останете здрави.