
Се што треба да знаете за сексот во бременоста низ тромесечијата
Водењето на љубов за време на тие девет месеци не е опасно ниту за мајката ниту за бебето, секако под услов да се работи за нормална бременост без ризик и да постои желба кај двајцата партнери.
Сексот не е опасен ниту за мајката ниту за бебето
Секој пар е приказна за себе, па проблематиката не може да се генерализира – многумина во бременоста имаат фантастичен секс, дури и подобар отколку до тогаш, додека пак други апстинираат цело време.
Едно е сигурно, водењето на љубов во тие девет месеци не е опасно ниту за мајката ниту за бебето, секако под услов да се работи за нормална бременост без ризик и да постои желба кај двајцата партнери. Ако се тече како што треба, сексуалните односи можат да се одвиваат се до почетокот на трудовите и прскањето на воденикот.
Блискост помеѓу партнерите
Во првото тромесечје, жената може да има проблеми да се навикне на новонастанатата состојба.
Може да има мачнини, главоболки, нагон за често мокрење, повраќање, замор, па во тие околности малку кој помислува на такво задоволство.
Многу е важно во првите три месеци да се сочува блискоста со партнерот затоа што мажот може да се почувствува беспомошно па дури и отфрлено. Сепак, тие се оние кои на жените треба да им пружат доволно разбирање, нежност, топлина и љубов, а жените тоа мора да го ценат.
Многу посилен оргазам
Второто тромесечје е најдобро за идната мајка. Бидејќи организмот е навикнат на бременоста, престануваат мачнините, опасноста од спонтан абортус е сведена на минимум и жената се чувствува прекрасно. Матката расте и полека го обликува абдоменот на жената, но тоа не значи дека сексуалните односи ќе бидат нелагодни.
Желбата за секс варира – кај некои воопшто ја нема, а кај други е засилена со оглед на хормонските промени. Некои жени тогаш, по прв пат, доживуваат оргазам.
Меѓутоа ова е период кога татковците почнуваат да се грижат – дали ќе се повреди бебето, може ли тоа да види што се случува внатре.
Се поголем и поголем стомак
Во третото тромесечје, водењето љубов може да биде чудно и нелагодно, кога се поголемиот стомак ќе почне дури и да се движи. Може да се јави и одбојност на едниот или на двајцата партнери поради огромниот стомак. Ако паровите ги немаат тие предрасуди, можат да продолжат со сексуалните односи, да истражуваат нови пози, кои за волја на вистината нема да бидат многу.
Докажано е дека и женскиот оргазам може да предизвика контракции. Пред самиот крај на бременоста, внимателноста е од пресудно значење, затоа што грлото на матката почнува да се отвора. Тогаш задолжително треба да консултирате гинеколог. И нормално, за сексуални односи не треба воопшто да размислувате кога ќе пукне воденикот. За волја на вистината, на крајот од бременоста голем број од жените не ни размислуваат за секс, што е разбирливо.