• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  Седум “градинка” типови на родители
Седум “градинка” типови на родители

Седум “градинка” типови на родители

Секое утро можеме да видиме различни типови на мајки и татковци кои своето дете го оставаат на чување. На пример:

  1. Родители кои работат-бизнис родители

Ова се типови на родители кои делуваат дистанцирано. Едвај ги поздравуваат другите родители, механички ги стават работите на детето во шкафчето, го носат детето до собата, на брзина се наведнуваат кратко да го прегрнат детето и одат без да се завртат.

  1. Неорганизирани родители

Родители кои секогаш доцнат, делуваат нерасположено со слаба насмевка на лицето, често ги забораваат работите на детето, па постојано се враќаат да ги донесат.

  1. Родители кои се двоумат

Овие родители не можат да се одвојат од детето, го гушкаат, бакнуваат и одолговлекуваат, без разлика дали детето тоа го сака или не. Обично уште нешто ја прашуваат негувателката и уште неколку пати ќе ѕирнат преку стаклото во собата. Се задржуваат за да проучат дали нешто не пропуштиле од огласната табла.

  1. Бучни родители

Се појавуваат и стануваат центар на внимание. Гласно ги поздравуваат сите, вклучувајки го и персоналот, децата и другите родители. Се шегуваат со сите и едноставно се преполни со енергија.

  1. Родители под стрес

Влегуваат со цврст чекор и го влечат детето со себе. Овие родители очигледно имаат нешто на ум и го оставаат детето без многу интеракција. Детето, или среќно влегува во собата, желно за позитивна енергија, или родителот веќе му го наметнал стресот и тоа е расплакано.

  1. Родители кои се жалат

Кога ќе стигнат, сакаат да ги решат сите работи. Зошто во шкафчето на нивното дете нема закачалка? Зошто креветчето на нивното дете е во ќош? Дали негувателките обрнуваат доволно внимание за децата?

  1. Родители со манири

Пристојно и мирно влегуваат со детето, разговарајќи со него за некоја тема. По потреба му помагаат на детето при преслекувањето. Потоа следи прегратка, па бакнеж и “се гледаме подоцна”,  а потоа си одат.

Во некој момент, сите ние сме биле како некои од овие родители. Добро знаеме како е да се биде родител кој се двоуми. Ако децата се сосема мали, на почеток на одење во градинка, ќе им дадеме голема прегратка и бакнеж, но после тоа имаме желба да останеме уште малку.

Останатите месеци од годината обично сите сме помеѓу бизнис и пристоен родител. Има денови кога наутро брзаме на работа, па го прегрнуваме и го бацуваме детето и веднаш излегуваме надвор. Друго утро можеби имаме време длабоко да земеме воздух и да го сместиме детето така што ќе му помогнеме и со поврзувањето со негувателките и пријателите.

Дали некогаш сте размислувале за тоа како го оставате детето во градинка? Го забележувате ли однесувањето на другите родители? А можеби е најдобро да си поставите едно прашање -Каков “градинка” тип на родител му треба на моето дете?