
Седма недела во бременоста
Седма недела во бременоста
Бебе:
Важни вести! Оваа недела се развиваат рацете и стопалата. Технички бебето и понатаму е ембрион и има мала опашка, што е продлжеток на коската, но сега почнуда да личи на човечко суштество. Опашот потполно ќе исчезне во рок од неколку недели.
Сега се развиваар двете хемисфери на бебешкиот мозок, а срцето добило десна и лева комора. Јетрата собира црвени зрнца, додека се формира коскената срж и ја превзема улогата. Бебето сега има слепо црево и панкреас, кој ќе почне да произведува инсулин за подобро варење. Врвката е во папокот и сега се пренесувааат хранливите материи преку крвните садови. Бебето сега е дупло поголемо од претходната недела и е долго околу 10 мм, отприлика како боровница.
Мајка:
Вашата матка во последните 5 недели е дупло поголема па оваа недела има голема веројатно да почувствувате мачнини и повраќање. Од таа причина, секој оброк за вас ќе претставува тешка задача. (Без разлика што се викаат утрински мачнини, истите можат да се јават во било кое време од денот).
Низ вашите бубрези сега проаѓа поголема количина на крв и дополнителни течности па можно е почесто да мокрите. Во овој период имате 10% повеќе крв од претходно. Матката расте и прави поголем притисок на бешиката, па ова е причина за често мокрење.
Ќе забележите проман на градите, сега се напнати и осетливи, ареолите со кафеави кругови, стануваат потемни.