Сеќавањето буди емоции: Што децата најмногу паметат од детството?
Сеќавањето буди емоции: Што децата најмногу памтат од детството?
Првата година од животот од животот е кога осознаваме многу работи, можеби најмногу од цел живот, но сеќавањата од тој период многу брзо избледуваат. Еве кои работи децата најчесто ги памтат за своите родители.
Кога се присетуваме на детството, ретко кога се сеќаваме на моменти од пред четврта или петта година. Тој феномен стручните лица ги објаснуваат како инфантилна амнезија. Најчесто се сеќаваме на впечатливи случувања од детството.
Детето во предшколската доба може да се присети на случувања од раното детство, но тоа сеќавање, најчесто е резултат на интензивно случување или е поврзано со јака емоција која со тек на време ќе избледи.
Прераскажувањето на ситуациите ќе го освежи сеќавањето, но исто така со помош на фотографија и приказната на децата се орагнизираат свои сеќавања, за кои тешко е да се каже дали се резултат на искуство или пак се надополнети со фотографија.
Го паметиме она што поврзано со големи и силни емоции. Памтиме доколку сме достигнале некаква цел, памтиме луѓе и случувања во кои сме се чувствувале сигурно, заштитено и пријатно или пак обратно. Чувството создава сеќавање. Исто така, често можеме да слушнеме од постарите луѓе како многу добро ја паметата својата околина во детството, улицата во која живееле и пораснале, првите пријатели, првата љубов но исто така и ситуации во коио се чувствувале исплашено, загрозено, понижено.
Од таа причина можеме да кажеме дека сеќавањето ги поттикнува емоциите.
Децата најчесто паметат 3 работи:
· Сеќавање за времето кога се чувствувале сигурно со родителите
· Односот помеѓу родителите
· Начинот на кој сте разговарале со децата