Семејните собири – потреба на секој дом
Кога сакаме да напишеме нешто кое сакаме да го истакнеме а е поврзано со семејниот живот, веднаш се наметнува постоењето на простор, каде што се собира целото семејство, таму каде што најмногу дише домот. Поединците од семејството се тие кои определуваат дали дневната соба ќе го има приматот на семејна соба или пак ќе си направат свое друго катче, доколку просторот им дозволува, што ќе биде семејна соба т.е. делот каде ќе пулсира нивниот заеднички живот. Оние семејства кои имаат поголем простор би било убаво да имаат и таква семејна соба додека пак многу често во просторната ограниченост дневната соба е и семејна. Не е важно како ќе го наречете тој дел но, треба секое семејство да го има. Не ретко сме сведоци или пак ни раскажувале дека многу семејства кујната ја претвараат во семејно катче каде се собираат во заедничките утра или слободните попладниња.
Многу студии се посветени на тоа колку просториите во домот треба семејството да ги користи заедно, а целта е една:Секое семејство мора да наоѓа начини како да ги одржува тие заеднички „собири “, затоа што тие се основата за нивниот заеднички пулс. Одговорни за тоа се родителите од кои и децата ќе учат па и тие тие навики ќе ги пренесуваат.
Во својата книга Peeking Through the Keyhole, авторите Ави Фридман и Дејвид Кроитс забележуваат: “Во годините по Втората светска војна беа создадени нови простори за да се приспособат активности кои не соодветствуваат на формалната дневна соба или салон”, меѓу нив ” , опремена со телевизор и со мебел што всушност може да го користат децата, неформално место каде што луѓето би можеле да се релаксираат и да се шират “.
Нашиот совет, мал или голем, во рамки на дневната соба или посебно едно е непроменливо, секое семејство треба да има простор и време кое ќе го поминува заедно.
превземено од www.kulturno.mk