Шест мириси за подобро расположение
Дали веќе сте го нашле вашиот омилен?
Сите знаеме дека мирисите го подобруваат расположението, ја стимулираат креативноста и “ве дополнуваат” со добра енергија.
Сите знаеме дека мирисите се најсилниот “стимулант” на нашиот мозок, за да можат брзо да нѐ потсетат на некое сеќавање или да предизвикаат друга реакција. Овие мириси треба да го вклучите во секојдневниот живот, за да благотворно делувате на вашето расположение. Изберете како ќе ги доведете во вашиот дом – може да бидат миризливи свеќи, чај, па дури и купка или балзам за усни.
Лимон
Свежиот мирис на цитрусно овошје ја подобруваа концентрација, го смирува и го избиструва вашиот ум. Ако сте нервозни, вознемирени или се чувствувате “прегазено” поради стрес, мирисот на лимон ќе ве смири и ќе ве развесели.
Лаванда
Уште ден во серијата на смирувачки мириси, се користи во ароматерапијата во случаи на напнатост и депресија, а исто така помага при главоболка, па дури и мигрена. Смирува и го намалува емоционалниот стрес.
Јасмин
Овој мирис е синоним за чувството на самодоверба, оптимизам и енергија. Користете го ако сакате да се чувствувате како нови!
Рузмарин
Експертите кои се занимаваат со аромотерапија го нарекуваат “фабрика за понеделник наутро”. Мирисот на рузмарин ќе ве разбуди, ќе ве фокусира и истовремено ќе ја стимулира меморијата. Исто така се користи за лекување на хроничен замор и главоболка.
Цимет
Стимулирачкиот мирис кој “се бори” против менталната исцрпеност ја зголемува концентрацијата и фокусот.
Нане
Без разлика дали тоа е чај, миризлива свеќа или дури и мастика за џвакање, мирисот на нане е идеален за моменти кога треба интелектуално да се напнете. Значи, ако имате некоја мачна или тешка задача, мирисот на нане ќе го “освежи” вашиот ум, ќе ја зголеми концентрацијата и ќе ги направи вашите мисли појасни.