
Шест видови храна што треба да се избегнуваат
Во текот на периодот во кој му давате се повеќе цврста храна на бебето, избегнувајте ги следниве производи, што можат да предизвикаат опасни алергенски реакции.
Мед: оваа слатка состојка може да предизвика развој на токсин во цревата на бебето. Не давајте ја додека детето не наполни најмалку 2 години.
Кикиритки и/или прозиводи од кикиритки: можат да предизвикаат силна алергиска реакција.
Цитрусни овошја и сокови: киселината во нив е пресилна за кревкиот бебешки дигестивен систем. Кај некои бебиња се јавуваат алергиски реакции и проблеми со желудникот. Посоветувајте се со педијатарот кога бебето треба да почне да ги внесува во организмот.
Kофеин: Производите што содржат кофеин и слични состојки, како што се чоколадото, црните и зелените чаеви и газираните сокови, можат да ја попречат апсорбцијата на калциум кај бебето.
Белка од јајце: Може да биде тешка за варење за бебето. Избегнувајте ја додека педијатарот не ви дозволи.
Кравјо млеко: Полномасното кравјо млеко може да предизвика алергиска реакција. Избегнувајте го додека бебето не наполни барем една година.