ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Сето она што не го знаев за родителството
    Сето она што не го знаев за родителството

    Сето она што не го знаев за родителството

    Колку малку знаеме за родителството пред да ни се случи!
    Читаме, разговараме, ги посматраме другите родители, а всушност ни во најлудите сонови не знаеме како НАВИСТИНА изгледа. Кога само ќе се сетам на своите идеи за тоа каква мајка ќе бидам, сега само се насмевнувам, не-ретко и се засрамувам. Колку сум била наивна, колку не сум ги познавала децата.
    Затоа сега учам. Учам во од и учам од своите деца. И немам идеја што е следно. Во тоа е веројатно магијата на родителството.
    Од сите работи кои ги знаев пред да станам мајка, само за некои од нив сум била во право. Знаев колку силно посакувам да бидам мајка и во тоа не сум погрешила. Знаев дека јас тоа го можам, за да бидам добра мајка. Знаев дека сакам да дојам. Знаев дека не сакам да го облекувам само во плаво моето синче. И тоа е отприлика се. Се друго не сум знаела, или сум мислела дека знам, но ништо од тоа нема врска со вистинските работи.
    Колку работи не знаев!
    Не знаев колку доењето е тешко. Не знаец дека инсистирањето на спиење во кревет е потполно беспотребно. Дека е потребно да го ставам што почесто до мене. Не знаев дека нема да можам да издржам ни минута да плаче. Дека ќе бидам 1000 пати по нежна од тоа што до сега сум била. Дека ќе станам потрпеллива. Мирна. Храбра.
    Не сум знаела што значи да се биде мајка. Знаев дека ќе има ноќни будења, прљави пелени, бљуцкање, плачење, подждригнувања, пресоблекување, умор, умор, умор. Не знаев колку тоа ќе ми биде нормално, лесно, убаво. Знаев дека ќе го сакам моето бебе. Немав појма дека толку многу ќе го сакам моето бебе.
    Од моментот кога продорно ме погледна со своите модри очи, знаев дека се се менува. Она што не го знаев е дека тоа намуртено чело и долги прстиња ќе ми го сврти светот наопачки.
    Не плачеше. Беше мирен, тивок и ненаметлив, незахтевен. “Па јас ова го можам, ова е лесно”, си помислив. Се што проживеавме првите месеци не беше ни приближно она што го очекувавме. Беше подобро, посилно, емотивно и нежно.
    Беше слаб и спор, му требаше време за подој, за спиење, нежност. Мораше да се подждригне барем 7 пати пред да заспие, инаку би се будел плачејќо на секои 5 минути. Мораше да ме има мене покрај себе скоро секогаш. Сака да се носи во марами. Кога е поспан, сака да ме гушне и да се наслони на мојот образ. Сака да ми го мази лицето додека цица. Сака да си игра криенка. Сака да спие на стомак. Ништо од тоа не знаев. Но научив. Тој нас не научи, ни покажа, а ние само слушавме.
    Не сакам глупави прашања и веќе извежбани одговори. Не поднесувам кога ме прашуваат дали не “слуша” бебето. Сега ние него го слушаме, сега многу повеќе од било кога. Се запознаваме за подоцна да функционираме добро. Сите приоритети кои мислев дека ги имам во животот се распрарчија оној момент кога станав мајка. Сега се чудам како некогаш некои работи некогаш ми биле толку важни, а сега изгледаат сосема небитни. Сето она во што некогаш бев сигурно веќе не сум. Се се има поместено за три места наназад. Да се ослбооди простор за него.
    Јас не сум само мајка, но она што сум мајка ме обликувало и променило на начин кој не сум можела да го замислам. Не сум знаела.
    Сега знам. Нешто ми кажува дека ова е само почеток…