Сеуште е голем бројот на бездомни деца и лица кои се борат за парче леб! 16ти Октомври, Светски ден на храната.
16 Октомври, Светскиот ден на храната, Стопанската комора за инфроматички технологии (МАСИТ), го одбележа денот преку донација на органски зеленчук. Органска храна беше донирана во центарот за бездомници во Село Чичино во соработка со Црвениот Крст на Македонија.
Благодарение на Горан Попоски, претседател на управниот одбор на МАСИТ, се обезбедија 100кг. Органски зеленчук.
Зеленчукот е набавен од Социјалното претпријатие “Покров” од Струмица, каде вработени во одгледувањето на зеленчукот се лица кои се лечеле од различни зависности.
Ваквата општествено-одговорна оакција, МАСИТ и сите придружени донатори (физички лица и лица кои се дел од МАСИТ), реализираа двојна општествена корист. Едната е набавката на социјално претпријатие и другата е донација на органски зеленчук на бездомни семејства и деца.
Ваквото одбележување на Светскиот ден на храна, е уште еден доказ за тоа дека уште постојат лица кои секојдневно се борат со основната потреба за живот, храната.