
Што да сочувате од бебешки работи, по нивното надраснување?
Што да сочувате од бебешки работи, по нивното надраснување?
Вашето бебе веќе пораснало? Куќата ви е веќе тесна поради големот број на кутии во кои ги ставате детските облеки, а не планирате друга бременост. Дали сте од оние кои ги подаруваат работите или пак сметате дека се вредни за спомен?
Поставивме многу прашања, а веројатно на многу од нив дадовте позитивен одговор. Нема подобар и покорисен начин да ја израдувате пријателката која очекува бебе, со тоа што ќе и ги подарите сочуваните работи. Времето поминува, а таа облека се поретко ќе биде отпакувана и ќе ве потсетува на вашето бебе.
Оставете неколку спомени
Сигурно имате неколку драги ситници кои ги плетеле бабите, тетките, стрините или пак ви ги подариле ваши драги особи.Без разлика дали се работи за сликовница, мече, џемперче или пак кондурчиња.
Организирајте ја старата облека
Најдобро би било да ја селектирате облеката според големината. Ако сте блиски со личноста на која сакате да и ги дарувате облеките, поканете ја и дајте и ја одбраната облека.Мајките, на идните мајки во секое време можат да им дадат некаков корисен совет, како да се пере облеката, како да се спасат од флеки и што да пеглаат, а што не. Укажете им на тоа што да купуваат, бидејќи им е бескорисно да им стојат подоцна во домот.
Никако, ама никако немојте да подарувате скинати и исфлекани работи. Тоа дава погрешна слика за личноста на која сакате да и ги подарите. Запомнете дека и малку е многу и дека не е битно што ќе поклоните.
Кабаста опрема
Имате креветче кое не ви е потребно, корпа или количка. Дарувајте ја или пак продајте ја за некоја цена која е прифатлива на вас и особата која би земала работите. Од парите кои сте ги земале, купете нешто ново за вашето дете. На тој начин ќе добиете простор во домот, но и дополнителни средства кои ќе ги вложите во нешто корисно. Секако, водете сметка да бидат функционални работи, бидејќи не сакате детето да се повреди. (не податувајте старо седиште за во кола, стара количка, играчки и сл), што би можело да го загрози детскиот живот.
.