ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Што е гастроезофагусен рефлукс и како се лечи?
    Што е гастроезофагусен рефлукс и како се лечи?

    Што е гастроезофагусен рефлукс и како се лечи?

    Хронично повраќање кај бебињата

    Што е гастроезофагусен рефлукс и како се лечи?

    Кај бебињата кои повраќаат хронично, најчесто докторите се сомневаат на гастроезофагусен рефлукс. Гастроезофагусниот рефлукс е враќање на содржина од желудникот во хранопроводникот. Физиолошкиот рефлукс, постои кај 40 % здрави доенчиња и освен корекција на позицијата за време на хранењето и спиењето, не е потребно дополнително лечење.
    За разлика од физиолошкито рефлукс, патолошкиот e со клинички симптоми и компликации кои мораат да се лечат. Во вакви случаи најчесто децата се слаби или пак воопшто не напредуваат.

    gastro
    Поради аспирација на регургитиранaта (вратената) желудечна содржина во патиштата за дишење, болеста не ретко се манифестира со астма, па од таа причина и се прават погрешни проценки и погрешно лечење. Точната дијагноза се поставува откако ќе се изврши радиолошки преглед со контраст, едоскопија и други методи.
    Чест пример е hiatus hernijea (состојба во која желудникот низ отворот на дијафрагмата се спушта се до градниот кош).
    За терапијата се користат: Спречување на враќање на храната преку поставување на детето во соодветна положба, диета, лекови, а понекогаш е потребна и хируршко лекување. Прогнозата е најчесто добра, дури и кај поголемите степени на рефлукс, секако, доколку се дијагностицира на време и се почне со лекување што е можно порано.