• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Што кога бебето не сака шише?
Што кога бебето не сака шише?

Што кога бебето не сака шише?

Доењето е најздравата исхрана која бебето може да ја добие, но многу мајки доаѓаат во ситуација едноставно да мораат да воведат хранење од шише, било како додаток на доењето или како единствена храна.

Се случува бебето да не сака да прифати шише што и да правите и тогаш треба да се обратите на педијатар без одлагање. Педијатарот може да ве праша што точно бебето прави или не прави. Доколку треба ќе го прегледа и измери бебето и можеби дури и ќе го набљудуба додека му давате шише. Јадењето и спиењето спаѓаат во најважните работи поврзани за здрав раст и развој на бебето.

Постојат неколку причини поради кои можат да настапат потешкотии при навикнување на бебето да користи шише. Некои бебиња се премногу поспани за да се разбудат и да јадат. Ако е ова случај, важно е стално да пробувате и да бидете сигурни дека бебето доволно испило, односно изело во текот на денот, како не би дехидрирало, или не би станало уште повеќе поспано поради недостатокот на калории. Потребно е да се утврди дали постои уште некоја причина под површината за ваквата поспаност.

Кај некои бебиња постојат физички потешкотии во смисла дека не им одговара цуцлата и имаат потешкотии при јадењето поради тоа. Можеби течноста пребрзо или преспоро поминува низ отворот на цуцлата.

Конечно има и бебиња кои се доеле, па не сакаат тоа да се прекине и го одбиваат секој обид да им се воведе шише. Начинот на кој цицаат кога мајката ги дои и начинот кога користат шише потполно се разликуваат и за некои бебиња преминот на шише претставува голем предизвик.

Не е необично бебето да одбива шише. Постојат многу причини за тоа. Секој пат кога тоа ќе го направи, особено како новороденче, важно е да побарате помош од педијатар. Тоа не е само за да бидете сигурни дека со бебето е се во ред и дека добива адекватна течност и хранливи материи, туку и за да бидете сигурни дека сте добиле совет, кој исхраната на бебето ќе ја претвори во успешно искуство, во кое ќе уживате и вие и бебето, без оглед на тоа да ли го доите или храните од шише.