
Што ли значат движењата на бебињата во утробата?
Повеќете од нас би сакале да дознаеме каков ќе биде карактерот на нашето бебе пред да го здогледа првиот светол ден, па знаковите ги бараме во секое мало покретче кое го прави во утробата.
Може ли според движењата во утробата да се предвиди карактерот на бебето?
Стручните лица велат, дека не постои никаква врска помеѓу тоа колку е активно бебето во текот на бременост и нејзиниот карактер по породувањето. Исто така нагласуваат дека малкуте движења во стомакот не мора секогаш да бидат причина за грижа.
Фетус, стар 32 недели спие од 90-95 проценти од времето и доколку мајката чувствува помалку активности нема причина за грижа, посебно доколку бременоста е уредна и се оди редовно на контроли.
Дали приметивте како вашето бебе некои денови прави почести движења или пак помалку од обично? Зголемениот внес на храна и пијалоци можат да го зголемат движењето. Стручните лица објаснуваат дека тоа е така зошто, иако бебињата не ја јадат храната која ја внесувате, го делат вашиот шеќер во крвта кој е повишен кога нешто што ќе изедете или пак испиете чаша сок. Кога нивото на шеќер во крвта ќе се промени, ударите на бебето доаѓаат до реакција.
Поголемиот број на жени, прв пат ги чувствуваат движењата на бебето пред петиот месец од бременоста. Тие движења не мора да бидат редовни и континуирани во остатокот од бременоста. Како бебетп расте, може да се почувствуваат помалку движења, бидејќи просторот во матката е намален. Друга причина која влијае на тоа кога ќе ги почувствуваате првите движења е положбата на постелката, вашата телесна тежина како и тоа дали ви е прва бременост.
На пример, ако постелкатан е наместена до предниот ѕид на матката, спротивно од грбот, тоа може да ги блокира бебешките движења и движењата ќе ги почувствувате подоцна во бременоста. Исто така не мора секогаш да се случи движењата на бебето да ги почувствувате во рана бременост, може да се случи дури околку 20та недела од бременоста да почувствувате благи удари. Важно е да не паничите и да не мислите дека нешто не е во ред, посебно доколку правите редовни контроли.
Значењето на движењата
Позицијата на бебето во стомакот, може да влијае на начин на кој мајката ги чувствува движењата. Мајката повеќето удари ќе ги почувствуват во деловите на сто акот каде се наоѓа бебешкиот екстремитет. Доколку бебешкото главче е свртено надолу, ударите ќе ги почувствувате во горниот дел од стомакот, додека мајката чие бебе е свртено со нозете надолу, ќе почувствува помалку удари. Исто така, доколку грбот на бебето е свртено од предна страна на стомакот, исто така ќе почувствува помали удари од мајката чие бебе е свртено нанапред. Ако бебто е свртено со грбот, ударите може да се почувствуваат во горниот лев агол од сто акот, а ако е свртено со лицето нанапред, ударите ќе бидат појаки и чести.
Кога е во прашање близначка бременост, трудницата може да почувствува движења од двете страни во стомакот што најчесто е еден од раните знаци на близначка бременост.
Но без разлика на се, не треба да ве вознемирува секој бебешко движење или пак немањето на движење. Редовно одете на контроли и слушајте совети од вашиот лекар. И да, ако бебето е мирно во стомакот, не мора да значи дека ќе биде мирно и по породувањето или пак обратно.
Што доколку бебето не мрда?
По 28мата недела, докторот веројатно ќе ве советува да го пратите мрдањето на бебето, која во просек е десет пати на два часа. Не-постоењето на клоцање во овој период може да биде предизвикано со бројни проблеми, како стрес на мајката, лоша исхрана и сериозни ситуации кај самото бебе. Утразвучниот преглед и пратењето на работата