• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Што треба вашето дете да знае пред да седне во школска клупа?
Дилема на сите родители кои имаат деца на предшколска возраст: Кои задачи би требало детето да ги знае пред да седне на школска клупа.

Што треба вашето дете да знае пред да седне во школска клупа?

Дилема на сите родители кои имаат деца на предшколска возраст: Кои задачи би требало детето да ги знае пред да седне на школска клупа.

На многу родители доцна им текнува дека треба да работат со децата и да направат проверка на нивното знаење пред да тргнат на учлишиште. Понекогаш тоа е доцна, но секако постои можност и да се надомести, со оглед на тоа дека е најбитно детето да ги совлада способностите, задачите и активностите пред да продолжи во друго одделение.
Ова се некои прашања кои ги мачат родителите.
– Дали треба да знае да чита и пишува?
– Дали треба да се форсира детето да учи материјал кој е за поголема возраст?
– Дали моето дете е доволно зрело?
– Како да знаеме дека детето е спремно за да тргне на училиште?
Кога ќе отидете со детето на тестирање пред одење на училиште, сигурни се прашувате, што е она што детето треба да го знае?

Ова се неколку кратки одговори..

Детето не мора да знае да чита и пишува, но треба да знае да препознава буква со која започнува и завршува реченицата. Детето би требало да знае да состави збор од четири или пет гласови. Исто така многу е важно детето да биде графомоторички спремно за на училиште, поточно да знае да прецрта зададени ликови, да има правилен след на цртање на линија и да има развиена свест за тоа што е лево а што десно, што е горе а што доле.
Исто така децата би требало да знаат одговори на некои општи прашања:
– Што би направиле кога паѓа дожд?
– Што се појавува на небото кога ќе падне мрак?
– Што правиме кога сме поспани?
– Како се вика денот пред четврток и после четврток во неделата?
– Да ги знае годишните времиња
– Колку месеци има во годините ?

Активниот речник кој детето треба да го има пред одење на училиште е околу 2500-3000 збора, опсегот на реченици просечно треба да изнесува од пет-шест зборови, да користи сложени реченици и мемориски кратки песни. Детето треба да може врз основа на слика да раскаже едно логична и едноставна приказна.

Совет од babyshop.mk Проверете барем дел од работите кои ги споменавме погоре, консултирајте се со педагог и бидете сигурни дека вашето дете е спремно за нови предизвици.