ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Што ве очекува во првите три месеци од бременоста?
    Што ве очекува во првите три месеци од бременоста?

    Што ве очекува во првите три месеци од бременоста?

    Што ве очекува во првите три месеци од бременоста?

    Доаѓањето на бебето во потполност ќе го промени начинот на размислување, но и целиот свет во кој до тогаш сте живееле.

    Кога се работи за разни животни улоги на жената, улогата на мајка превзема примат. Заблагодарувајќи се на тоа, многу трудници повторно стануваат блиски со мајката. Подобро ги разбираат бидејќи почнуваат да размислуваат за себе како за мајката.

    Првото спојување на јајце клеткта и сперматозоидот означува момент кога е зачетокот на нов живот-вашето дете. Тоа се случува, кај жени кои имаат менструален циклус од 28 дена, се случува во третата недела од последната менструација, а не од денот кога е направен зачетокот.

    Необична желба во првите три месеци од бременоста.

    Трудничката желба некогаш може да биде многу необична. Затоа веднаш има сомнеж за бременост. На пр. Доколку жената во текот на зимата посака јагоди или кисели краставички во текот на ноќта.

    Кај жени кои имаат проблеми со мачнина и повраќање, се јавува одбојност од храна, бидејќи самата помисла на некоја намирница (па дури и претходно да им била омилена), ја зголемува нелагодноста. Таквите промени кај некои трудници можат да влијаат на психичката стабилнот. Но, ситуацијата е ќе се поправи веднаш што влезете во второт тромесечие од бременоста.

    1. Месец

    Мама

    Во првиот месец, изостанокот на менструалниот ќе ја потврди вашата бременост. Можете да приметите промена во градите (понапнати се, осетливи на допир, пегментирани во делот на брадавиците), а може да се појави и непријатно чувство, мачнина, осетливост на мирис, замор, па дури и блага нервоза. Сето ова вас ќе ве увери дека навистина сте бремени. Хормоните естроген и прогестерон се лачат во многу поголеми количини.

    Бебе

    Во првиот месец, вашето бебе е голема еден милиметар. Просто е неверојатно со каква брзина расте, бидејќи на крајот на овој месец ќе биде долго 1,5 cm.

    Градењето на органите на ембрионот (органогенеза) е интензивно. Пред крајот на месецот, вашето бебе ќе има “наговестување” респираторниот и дигестивниот систем, коските и мускулите и ‘рскавиците, половите органи, бубрегот, нервниот систем. Доколку во овој период одете на ултразвучен преглед, вашиот гинеколог ќе може да го слушне отчукувањето на бебешкото срце.

    2. Месец

    Мама

    Иако вашето бебе се развива со голема брзина и се поинтензивно ги чувствувате промените кои се случуваат во вашето тело, вашата бременост уште не е “видлива”. Едвај самите ќе може да приметиет како вашето тело се менува. Доколку сеуште имате проблем со мачнини и повраќање, тогаш веројатно сте изгубиле некој килограм. А ви кажале дека жените во бременост се здебелуваат!

    Без разлика што вашиот стомак изгледа како и пред бременоста, вашата матка расте и полека излегува од малата карлица. Заблагодарејќи на ова поместување, веќе нема секој час да трчкате до тоалет, бидејќи притисокот на бешиката сега е помал. Со оглед на тоа дека сте во вториот месец, мозокот на бебето се развива, водете сметка за правилната исхрана, а пороците како алкохол, цигари и кафе заборавете ги.

    Бебе

    Растот и развојот на бебето и понатаму се забрзани, така што на крајот на другиот месец нејзиното срце ќе биде потполно развиено. Се развиваат лактови, колена, прсти на нозете и рацете. Главата доминира со големината, а лицето добива човечки лик. Во овој период, ембрионото почнува да се движи, но вие тие движења уште не ги чувствувате.

    3. Месец

    Мама

    Почетокот на третиот месец има стабилизирање на хормоните. Мачнината и повраќањето би требало да бидат само спомени, а вашиот стомак конечно почнува да расте. Градите и понатаму ви се чувствителни и зголемени. Доколку сте се плашеле од спонатн абортус, можете да земете воздух, бидејќи ризикот во третиот месец е многу намален. Полека влегувате во безбедна зона, па искористете го максимално да уживате во својата бременост. Почнете да размислувате за трудничка гардероба, бидејќи старата полека ќе ви станува тесна. Доколку сеуште не сте биле на ултразвучен преглед време е да закажете.

    Бебе

    Во третиот месец, вашето бебе достигнува должина од 12 cm. Се обликуваат фини црти на лицето, така што се препознава носот, образите и очите. Бебето сега може да го става палецот во уста. Целото тело е прекриено со фини влакненца, чија улога имаат да ја задржат на кожата сирести намаз кој бебето го штити од плодовата вода. Крајот на третиот месец, завршува со органогенеза, што значи дека се формирани сите органи на вашето идно дете.