Сигнали помеѓу мајката и бебето
Мајките можат да го препознаат мирисот на своето бебе помеѓу другите деца, само неколку дена после породувањето, тврдат јапонските научници. Родителите исто така можат да препознаат и сличност помеѓу мирисот на своето бебе и другите членови на семејството. Иако не се знае точно изворот на мирисните сигнали, се претпоставува дека се работи за лојните жлезди, пред се на главата и лицето, кои кај новороденчињата се доста активни. На специфичниот мирис има влијание и она што бебето го јаде, па така кај бебињата кои цицаат интензивно се чувствува млеко.
-Бебето можете да го навикнете на здрава исхрана и пред да се роди. Сеќавањето на вкусовите кои мајката ги јадела во текот на бременоста е заслужно за формирање на навика во исхраната подоцна во животот. Затоа е важно трудниците да се хранат здраво и разновидно, така што бебето ќе се навикне на различни ароми уште на време, пред да се роди, а со таа пракса би требало да се продолжи и во текот на доењето – објаснува водачот на истражувањето Хашимото Нуријама.
Бебето исто така знае кога мајката е расположена уште пред да се роди, тврдат научниците кои спроведоа истражување за да утврдат дали бебињата можат да го “прочитаат” расположението на мајката додека се во стомакот.
На трудниците во последното тримесечје им се прикажани инсерти со весели и тажни сцени од филмови, а движењата на бебињата се пратени со ултразвук. Установено е дека бебињата за време на веселите сцени биле поактивни и мрдале со рацете, додека кај тажните делови потполно се смириле.
Значи додека сте бремени, бирајте го друштвото и трудете се да избегнувате стресни ситуации, затоа што бебето дефинитивно знае повеќе од колку што ние мислиме.