
Шипинки, најдобриот лек за настинка
Чајот од дива роза ефикасно делува против заморот,малаксаност и анемија, ја прочистува крвта, им помага на органите за варење, го зајакнува имунитетот. Сепак, најдобриот лек е кога ќе ве фати настинка.
Рецепти
За почетокот на денот – лажица сув и сецкан плод од шипинки, прелијте го со две чаши врела вода, и оставете го половина час. Оладете, процедете, додадете лажица мед по желба и напијте се пред јадење. Совршен е за расонување и добро расположение.
Го зајакнува имунитетот – Три супени лажици сецкан, сушен плод од шипинки потопете ги во 0,5 литри ладна вода и оставете ги да стојат три дена. Потоа ставете ги да вријат половина час, оставете го да се олади, па процедете и измешајте со иста количина на млеко, засладете со лажичка мед. Пијте го пред спиење. Чајот го зајакнува организмот, особено кај постарите лица.
Сува кашлица и настинка – Супена лажица добро исецкан сув плод од шипинки прелијте со 2 дл зовриена вода, покријте и оставете да одстои 15 минути. Процедете, засладете со лажичка мед и пијте пред јадење, три пати на ден. Ако е настинка причина за кашлицата, пијте почесто. Важно е секогаш да е свеж приготвен, никако подгреан.