• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  Скандал во детска градинка од Прилеп- проблем меѓу вработените
Скандал во детска градинка од Прилеп- проблем меѓу вработените

Скандал во детска градинка од Прилеп- проблем меѓу вработените

 Во Полициската станица Прилеп Г.Н.(53) од Прилеп на 18.10.2018 година во 17:30 часот пријавило дека истиот ден околу 12:30 часот во детска градинка на улицата ,,Марксова“ од страна на лицето В.И.(41) билa физички нападнат.

Истиот ден околу 18:15 часот, лицето со иницијали В.И.(41)  пријавила дека околу 12,15 часот во детската градинка каде што била вработена, при распределба на храна дошла до конфликт со лицето со иницијали  Б.Н.(47), кое што исто така е вработена во градинката. Лицето во изјавата која ја дало во полицијата вели дека била навредувана со погрдни зборови.

После некое време во градинката дошол сопругот на Б.Н., Г.Н. и почнал да се расправа со В.И при што и физички ја напднал. Лицата се повикани на разговор во полициска станица и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Се надеваме дека институциите ќе се погрижат повеќе при изборот на вработени, бидејќи сигурно сме дека ќе се согласите дека дефинитивно градинките не се соодветно место каде вработените треба да си дозволат ваков тип на конфликти. 

Градинките освен што служат за згрижување на нашите деца, сепак се и место од каде учат за основните културни вредности на однесување. Доколку ова е нешто што би се случувало постојано, тогаш треба вистински да се запрашање, што се случува со нашиот систем?!