• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  СКАПОЦЕНИ ШКРАБАНИЦИ
СКАПОЦЕНИ ШКРАБАНИЦИ

СКАПОЦЕНИ ШКРАБАНИЦИ

Во најраната возраст поттикнувајте го детето да шкраба по хартијата, затоа што во таа активност се крие почеток на нешто големо и важно!

Не мораме да ви кажеме дека вашето дете ќе остави голема и скапоцена трага во светот кога ќе порасне. Тоа сигурно го знаете, но не сте знаеле дека тој процес почнал. Малата шкрабаница со моливот по хартијата или трагата од пирето по чинијата ја покажува желбата на детето да делува на околината. Сите мали деца имаат желба да остават трага во средината во која се наоѓаат. Тоа е сосема природно како и потребата еден ден да одат и да зборуваат.

Меѓутоа, оставање на трагови во околината е вештина за  која треба многу години, но процесот почнува рано. За да научи да оди, детето најпрво мора да го совлада седењето, лазењето и стоењето. Слично е и со оставањето на траги во околината. Затоа бебето од седум-осум месеци кое уште не владее со координација и сила да го земе моливот во рака и да остави траги на хартијата, таа потреба ја задоволува со тоа што со рачињата ќе ја земе храната од чинијата и ќе ја растури околу себе.

НЕСВЕСНИ ШКРАБАЊА

Отприлика околу 18-тиот месец детето станува способно да го земе моливот или кредата, па совладувајќи ја вештината на влијанието на околината преминува на ново ниво. Првата фаза ја карактеризира несвесното шкрабање, па затоа првите ремек дела на вашето дете делуваат по малку авангардно. На оваа возраст децата се највеќе насочени на своите моторички активности и физичкото уживање кое го чуствуваат поради користење на своите мускули. Детето не го интересира како изгледаат трагите кои ги остава на хартијата, а не го интересира ни каде завршуваат трагите.

Координацијата помеѓу очите и дланките не е во потполност развиена, па во почеток моливот ќе го држи со целата дланка. А бидејќи сеуште нема контрола над прстите и зглобот, покретите ќе ги прави од рамото, со целата рака. Детето на оваа возраст неможе  да остави трага со моливот точно таму каде што сака, затоа неговите траги делуваат случајни, хаотични и несвесни. Затоа нема смисла да го упатувате да бои помеѓу линиите или да пишува во границите на хартијата.

УМЕТНИКОТ Е ПРИСУТЕН!

Но, шест месесеци подоцна, кога детето ќе ги земе боичките во раце, ќе го доживее моментот на право просветлување! Одеднаш ќе сфати дека постои директна врска помеѓу движењето на раката и трагата која со тоа движење се прави на хартијата или да бидеме искрени, на ѕидот. Детето тогаш ќе почне да експериментира со различни бои и линии, а таа фаза се вика контролирано шкрабање.

Со ова сознание се развива подобро моториката кај детето. Сега наместо со целата рака, трагите на боицата ги црта само со ангажирање на зглобот, подоцна и со прстите. На цртежот сега се појавуваат и точки и одвоен линии, наместо само една линија. Детето ќе биде позадоволно од тоа што го гледа на хартијата и тоа ќе го поттикне уште повеќе да црта и да остава траги, и што повеќе вежба ќе станува се повешто.

Цртајте заедно со децата, затоа што така и нив ќе ги поттикнете да го прават тоа почесто.

ШТО КАЖУВААТ ПСИХОЛОЗИТЕ

Во шеесетите години на 20-тиот век психологор Рода Келог идентификувала 20 основни шари кои се појавуваат во цртежите на децата во текот на фазата на контролираното шкрабање, меќу кои се цик цак или брановидните линии, точки и спирали. Секое дете си развива сопствен стил, односно потпис за препознавање. Дваесет шари најчесто се појавуваат во цртежите на децата на оваа возраст, но секое дете користи одредена шара малку повеќе од другите. Немојте да се чудите ако кај вашето дете доминира цик цак линијата, додека кај другите деца највеќе се присутни спиралите.

Детето своите цртежи може да почне да ги користи и во игри со улога, па ќе ви каже дека точката на цртежот на пример е зајче кое трча преку ливада. Но, ако за истите точки го прашате еден час подоцна, може да ви одговори дека тоа се облаци на небото. Тоа е поради тоа што детето не ја зема хартијата да нацрта нешто одредено, тоа значењето на цртежот го бара откако ќе го нацрта. Воздржете се не му ги поправајте цртежите на детето за да изгледаат послични на тоа што детето вели дека претставува, бидејќи слободата на изразување со моливот, боиците и линиите допринесува на чувството на независност кое се јавува и зацврстува заедно со развојот на личноста на вашето дете, кое е од витален значење за неговиот емоционален развој.

ВИСТИНСКИОТ СВЕТ

Откако детето ќе наполни три години остава траги на хартијата на поинаков начин. Тогаш почнуваат да ги поврзуваат цртежите со надворешниот свет, а таа фаза се вика шкрабање со име. Тогаш може да очекувате детето да ви го даде цртежот и да ви каже дека на него има нацртано дрво. Цртежите во таа возраст се и како емоционален вентил, и често се и како поглед на светот кој го опкружува. Цртежите поради тоа им помагаат на децата да станат самоуверени личности. За дете со ограничен број на зборови за таа возраст, цртањето претставува како универзален јазик и ефикасен начин за изразување на своите идеи, сознанија, мисли и чувства.

Околу четвртиот роденден децата стануваат способни да ги поврзат линиите во некој затворен облик. Тоа можеби нема да ви изгледа како нешто многу важно, оваа нова способност покажува дека детето од цртање на обични траги преминува во цртање на прави цртежи.

ДРАМАТУРГ ИЛИ ДЕКОРАТОР?

Истражувањата во осумдесетите години од минатиот век покажуваат дека врз основа на детските цртежи може да се заклучи за што децата се способни за драматургија или декорација. Малите драматурзи сигурно ќе сакаат да ви раскажат многу работи за цртежот, затоа што во него гледаат нешто повеќе од слика-многу личности, додека декоратерите се повеќе водени од потребата за истражување и сами за себе експериментираат.

Ако детето ви го донесе цртежот и ви раскаже нешто за него, сосема сигурно е дека спаѓа во групата на драматурзи, но ако е водено само од себе и не го дели вашето мислење, припаѓа на групата декоратери. Оваа поделба не е дефинитивна и детето може многу лесно да премине од едната во другата група, вас може да ви послужи како водич како да го воспитувате детето.

8 начини да го поттикнете детето да остава што повеќе траги

МАГИЈАТА НА БОИТЕ НА ЅУНИЦАТА

Земете кутија од чевли и симнете и го капакот. Исечете пет-шест траки од картон во различни бои и залепете ги од внатрешната страна на капакот. Овој капак ќе ви послужи како чинија на која ќе посипете тенок слој на сол. Поттикнете го детето со прстињата да остава траги во солта, под кои ќе се гледаат и откриваат различни бои. Права магија!

МУЗИКА ЗА ЦРТАЊЕ

Одберете неколку песни со различно темпо и расположение и направете плеј-листа. На неа нека има и брз и лесен ритам, и весели и тажни песни, па предложете му на детето место да играте да цртате слушајќи музика. За да го поттикнете детето да истрае во намерата работете заедно со него.

СЛИКАЊЕ СО ПРСТИ

Вашето дете ќе ужива во заедничкото сликање со прсти. Користете различни бои и поттикнете го да остава различни траги-со еден прст, со два, со цела дланка…. вие почнете а детето ќе ве следи.

ТОЧКАСТО

Заедно со детето на хартија оставајте траги во облик на точки, а потоа штипки зкачете на делови од сунѓер па натопете ги со боја-со нив ќе ги обоите направените точки.

СТАП

Секогаш кога шетате, најдете дрвен стап и со него цртајте на било која згодна површина на која ќе наидете, песок, земја или сл. Секоја од овиие површини ќе се однесува различно под стапот, а детето ќе биде фасцинирано од различноста во природата.

РАЗМИСЛУВАЈТЕ ГОЛЕМО

Залепете неколку листови и кажете му на детето да легне на нив. Исцртајте ги контурите на неговото тело и кажете му на детето да шкраба во контурите на хартијата.