• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Скокоткањето може да им помогне на бебињата да научат да зборуваат
Скокоткањето може да им помогне на бебињата да научат да зборуваат

Скокоткањето може да им помогне на бебињата да научат да зборуваат

Истражувачите велат дека родителите кои ги скокоткаат своите деца додека разговараат со нив, им помагаат да ги идентификуваат зборовите во постојан говор.

Тимот на Пурдју кажал дека чувството на допир на бебето е поврзано со развојот на јазикот повеќе отколку што претходно се мислело.

“Допирот го разбираме како начин на пренесување емоции, но нашето истражување покажува дека новороденчињата може да го поврзат  допирот со говорот. Досега тие имаат спроведено различни студии кои покажуваат дека допирот е  важен за психофизичкиот развој на детето, но ова е прва студија која ги истражува врската помеѓу допирот и учење на јазикот “, вели Аманда Сеидл од Пурдју универзитетот, која го предводеше истражувањето.

Учењето на зборовите претставува голем предизвик за бебињата, бидејќи тие ги слушаат повеќето од зборовите во континуиран говор, не поединечно. Родителите може да паузираат кога го изговараат името на детето, но не го прават тоа кога говорат други зборови.

Истражувачите испитувале дали допирот може да му помогне на детето да открие каде некој збор почнува и каде завршува во континуиран говор.

“Тие мора да најдат зборови пред да ги поврзат со вистинско значење. Зошто бебињата прво ги учат деловите на телото затоа што нивните родители често ги допираат и изговараат зборови поврзани со деловите од телото “.

Студијата вклучи 48 бебиња на возраст од четири месеци. Тие беа поделени во две групи – едни слушаа континуиран говор, додека други слушаа неповрзани зборови. Бебињата реагираа на континуираниот говор.