ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Скокови во развојот на бебињата
    Скокови во развојот на бебињата

    Скокови во развојот на бебињата

    Вашето прекрасно бебе одеднаш плаче, сака да го носите во раце и се обидува да цица на секои половина час. Ништо подобра ситуација не е ни во текот на ноќта, мајката е уморна и нема доволно млеко, таткото е нервозен. Што се случи одеднаш?

     

    Вашето бебе има скок во развојот. Во наредниот период, ќе му треба повеќе млеко, а за мама да почне да произведува повеќе млеко, бебето често треба да цица. Бидејќи многу мајки не го знаат ова, мислат дека немаат доволно млеко. Значи скоковите во развој често се виновници за непотребното воведување на адаптирано млеко. Затоа е важно за мајките да препознаат кога се случува скок во развојот, да постапат смирено и да се воздржат од дохранување, што неизбежно води до намалување на количината на млеко во градите. Количината на млеко во градите поради честите цицања наскоро ќе ја задоволи побарувачката.

    Кога се случуваат скокови во развојот?

    Првиот скок во развој се јавува кај новороденчиња на возраст од околу една недела, а следниот скок е обично во третата недела, па на крајот на првиот месец бебето почнува да добива многу повеќе на тежина. Бурни скокови може да има во шестата недела на бебето, потоа во третиот, шестиот и деветтиот месец. Секој пат кога кај бебето расте потребата за млеко, тоа бара да цица, а кај мајка одеднаш почнува да се произведува повеќе млеко, бидејќи лачењето функционира врз основа на понудата и побарувачката. Бебињата кои пијат адаптирано млеко, одеднаш можат да пијат повеќе, но кај нив скокот во нивниот развој најчесто не толку бурен, бидејќи млекото е секогаш во изобилство.

     

    Зошто се случуваат скокови во развојот на бебето ?

    Скоковите во развој се јавуваат кога бебето напредува брзо во психофизичкиот развој. Со три месеци, бебето почнува да се свртува и станува поактивно, а со шест месеци почнува да лази, но овој скок не е толку бурен, бидејќи бебето веќе јаде цврста храна. Тогаш бебето почнува да гуга, да оди … Тоа во овие периоди одеднаш расте и добива на килажа.

    Некои мајки можеби дури и не забележуваат скок кај нивното бебе. Некои бебиња лошо спијат во тие денови, додека други го продолжуваат попладневниот сон што им е потребен за одмор и напредување. Некои се преморени, а други делуваат како да одеднаш се полни со енергија.

     

    Подоцнежните развојни скокови се случуваат приближно секои 6 месеци, а потоа можат да траат подолго, дури и повеќе недели.

     

    За родителите овие периоди можат да бидат исцрпувачки и полни со предизвици. Бебе кое спие цела ноќ одеднаш се буди секој час, плаче и бара да го држите. И мајките се повеќе и повеќе гладни, бидејќи нивното тело работи потешко од вообичаеното.

    Добра вест е дека скокот обично трае многу кратко, околу 48 часа (кај некои дури и пократко или подолго), а потоа вашето бебе се враќа во неговата рутина.