СКРИЕНИ ОПАСНОСТИ ЗА НОВОРОДЕНЧЕТО ВО ДОМОТ
Не треба многу работа за новороденчето да биде сигурно. Во овој период бебето е многу мало за да прави самото проблеми. Тоа не е спремно да става копчиња во уста или да излегува од своето креветче и ќе поминат повеќе месеци пред да почне да лази кон скалите. Сепак, не е прерано сигурноста да стане приоритет. Пред да стигне бебето треба да се научите како да излезете на крај со скриените опасности за новороденчето.
Сигурно спиење
Како би го намалиле ризикот од синдромот на ненадејна смрт на новороденчето (СИДС), новороденчето треба да спие на грб на тврд душек. Немојте вашето бебе да го ставате да спие на мек предмет како на пример перница, јорган или кадифена играчка.
Топло едноделно оделце или вреќа за спиење е посигурен избор од ќебенце, со кое може да ја прекрие главата и да го ограничи дишењето. Користење на оградичка за креветчето не се препорачува поради истите причини. Душекот треба да стои цврсто, така бебето не може да остане заробено помеѓу оградичката и страните на креветчето. Проверете дали креветчето има некои недостатоци или скршени делови или празен простор поголем од ширина на шише.
Сигурно менување на пелените
Дури и најмалите бебиња можат да пронајдат начин да се стркалаат од пултот за пресоблекување ако ги оставите сами без надзор. Купете маса со сигурносен појас или додадете го појасот на постоечкиот пулт. Дури и ако бебето е заврзано, никогаш не треба да го оставате само. (телефонските повици може да ги одложите). Можете да го избегнете ризикот од паѓање, ако бебето го пресоблекувате на подот на некое ќебе или на плетена пелена како подлога.
Сигурно капење
Без разлика дали бебето ќе го капете во детска када, умивалник или голема када, никогаш немојте да го оставате без надзор ни за секунда. Откако ќе почне да седи, седалката за капење може да биде како згоден сигурносен уред, но може да направи и лажно чувство на сигурност. Многу деца се дават откако ќе се превртат или ќе се лизнат од своето седалце.
Еве некои дополнителни совети како да го заштитите своето дете од други неочекувани опасности:
Држете ги тешките и кршливите предмети надвор од нивниот дофат. Помрднете ги предметите како што се рамките за слики и керамичките фигури подалеку од столот за преповивање и од креветчето, за вашето дете да не може да ги скрши.
Сместете го мебелот на бебето подалеку од опасности. Ставете го креветчето и орманчето за преповивање подалеку од прозорот, завесата и шибер вратата за да спречите бебето да се заплетка, угуши или да падне низ прозор.
Осигурајте го нестабилниот мебел. Проверете дали високиот и нестабилен мебел е сигурно зацврстен за зидот, особено ако живеете во подрачје кое е склоно на земјотреси.
Спречете го паѓањето. Кога го држите детето во раце, заплеткувањето на нозете или паѓањето може да биде фатално. За да се спречи паѓањето, користете вечерно светло, спречете ќилимот да се лизга, тргнете го ѓубрето од подот или поправете ја и наместете ја оградата на скалите.