Следење на статусот на моторните и сензорните апликации на бебето
Сите бебиња се развиваат различно.
Визуелни сензори (вид)
До крајот на првиот месец , бебето треба да биде во состојба да гледа предмети на оддалеченост од 30 см, како и да “следи ” предмети од една до друга страна.
Бебето повеќе ќе сака да гледа лица отколку предмети. Повеќето бебиња сакаат повеќе црно-бели предмети од оние во боја. Ова се системски поставки и не можат да се променат од страна на родителот. Тие природно ќе се менуваат како бебето расте.
Аудиосензори (слух)
До крајот на првиот месец, слухот кај бебето треба да биде целосно развиен. Тоа треба да препознава звуци и да се врти кон познати гласови. Родителите кои сакаат да му ги подобрат аудиосензорите можат да помогнат со тоа што ќе пуштаат музика, ќе му зборуваат или ќе му пеат. Овие активности ја забрзуваат програмираната стапка на развој на бебето.
Погонски елементи (движење)
До крајот на првиот месец, сите бебиња треба да сознаат дека имаат раце, нозе, дланки и стапала. Бебето треба да може да ги стегне дланките во тупаници и да ги доближи до устата. Ќе располага со извесна сила во главата и вратот, но не многу. Иако бебето може да почне да ја држи главата исправена и понатаму ќе му треба помош.
Родителите кои сакаат да ги засилат погонските елементи нека го легнат бебето на стомак. Со ова ќе се развие силата во главата и во вратот. Ако си играте со рацете и нозете на бебето, ќе му помогнете да сознае дека се дел од него.
Олфакторни сензори (мирис)
До крајот на првиот месец, офлакторите сензори на бебето ќе го препознаат мирисот на мајката и на млекото. Мајките кои сакаат да ги засилат олфакторните сензори не треба да носат парфеми или колонска вода или, пак, да користат ароматични сапуни во текот на првите неколку месеци од животот на бебето. Овие производи му попречуваат во препознавањето на мирисот на родителите.
Експерстки совет : Родителите не треба да се загрижуваат ако бебето не ги постигнало овие прсесвртници до крајот на првиот месец. Секое бебе се развива различно. Меѓутоа, ако бебето не одговара на гласни звуци, не ги движи рацете и нозете често, не следи објекти со очите или не трепка кога му паѓа силна светлина, треба да го контактирате лекарот.