СЛУШАЊЕТО МУЗИКА ВО БРЕМЕНОСТА ГО ПОТТИКНУВА РАЗВОЈОТ НА ГОВОРОТ КАЈ ДЕЦАТА
Во стомакот на мајката децата веќе ја перцепираат мелодијата и ја препознаваат откако ќе се родат. Тоа може подоцна да помогне во развивање на слухот, и во побрзо учење на говорот.
Веќе знаете дека е корисно на децата да им се пушта класична музика. Меѓутоа, докажано е дека за развивање на детскиот мозок не мора да се слуша Моцарт. Важна е мелодијата која позитивно ќе делува на детскиот мозок. Каков и да е изборот, корисно е да се слуша музика додека е бебето уште во стомакот. Некои испитувања докажуваат дека децата после раѓањето можат да ја препознаат мелодијата која често ја слушале додека биле во стомакот на мајката, но докажано е и дека таквото рано слушање музика може да го поттикне и развојот на говорот. Како и зошто?
Од 7-миот месец на бременоста мозокот на фетусот разликува звуци и реагира, се интересира за нив. Во тој момент реакцијата на бебето и на возрасните е слична, тврдат стручњаци кои се занимаваат со истражување на мозокот на фетусот.
“Кога на возрасен човек му повторувате бабаба, тогаш тој со време ќе престане да реагира на тој збор”, појаснуваат стручњаците, и додаваат: “Исто е и со мозокот на фетусот. Новите звуци во мозокот на фетусот во почетокот прават голема реакција, но подоцна реакцијата се смалува и звукот престанува да биде толку возбудлив. Тоа се случува кога неуроните во мозокот ќе се поврзат и прават да остане сеќавањето на одредена мелодија.”
После раѓањето, појаки се реакциите на делови во мозокот на децата кои слушале музика додека биле во стомакот на мајката. Тоа е доказ дека бебињата ја запамтиле музиката и реагираат на неа. На научниците тој податок им е важен бидејќи дошле до заклучок дека детето доаѓа на свет акустички припремено и тоа не се однесува само на музиката, тоа ги вклучува сите звуци кое детето имало можност да ги слушне во текот на мајчината бременост, пред се интонацијата на мајчиниот јазик и звуците од околината.
Интересно е што на децата овие акустични сеќавања можат да им го олеснат примањето на информациите после раѓањето. После шестиот месец бебињата ќе можат да артикулираат одредени звуци, а до третата година ќе можат да зборуваат со цела реченица. А патот кој ќе го поминат до тогаш е многу импресивен. Прво потребно е бебињата да ја научат разликата помеѓу гласовите и зборовите во говорот, нешто што на возрасен Европеец би му било посебно тешко да го направи ако проба на сличен начин да учи кинески јазик. Не би знаел каде почнува, а каде завршува одреден збор.
Во слична ситуација се наоѓа и бебето, пред да успее да ги идентификува одредени единици на јазикот.
Комплексноста на усвојување на јазикот е во малите разлики на звуците во многу слични зборови како на пример кожа и коза-зборовите имаат различно значење, но звучат многу слично. Голем чекор е да се научи истите зборови изговорени од страна на различни луѓе, кои се разликуваат по стилот и интонацијата на говорот, претставуваат една иста содржина.
Музиката и зборувањето
Научниците утврдиле дека децата се раѓаат, во зависност од местото на раѓање, со ист потенцијал за усвојување на звуковите односно говорот, но во зависност од својата околина усвојуваат одредени матрици, а за останатото што не се употребува, не се сеќаваат. Со истиот механизам со кој учат да ги разликуваат гласовите, учествуваат во препознавање и во логиката на музиката.
Научниците откриле како препознавањето на граматичките грешки во говорот и препознавањето на погрешните тонови во музиката доаѓа во истиот дел од мозокот и заклучиле дека слушањето на музика од најраната возраст прави звучна матрица што може да поттикне полесно да се усвои звукот на говорот односно разменувањето и разликувањето на зборовите.