ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Смеењето како лек: Бебињата се апсолутни шампиони
    Смеењето како лек: Бебињата се апсолутни шампиони

    Смеењето како лек: Бебињата се апсолутни шампиони

    Статистиката покажува дека ако им се насмевнете на луѓето, дури деветмина од десет ќе Ви возвратат со насмевка. Можеби сега е моментот да пробате, а еве и кој најслатко се смее.

    Бебињата се апсолутни шампиони во смеење. Почнуваат да се смеат во сон уште од првиот ден по раѓањето и се смеат дури 300 пати дневно.

    Возрасните тоа го прават само 17 пати дневно, а некој ни толку.

    Смеењето го забрзува работењето на срцето и го намалува притисокот, па не се вели случајно дека смеењето е најефтиниот лек.

    Постои наука за смеењето која се нарекува гелотологија, а светскиот ден на смеењето е осмислен во 1998 година од страна на индискиот лекар Мадан Катарија, кој е основоположник на јога смеењето, единствена техника на вежби која ги комбинира групното смеење и дишењето.

    15 минути смеење дневно согорува 40 калории. Мислите ли дека популарните смајли се настанати случајно?