Смири се, не викај
Следниот пат кога ќе му викнете на вашето дете сетете се на изреката: “Не прави го на другите, она што не сакаш другите да ти го прават ” и веднаш ќе се разбере како тие се чувствуваат. Не е пријатно, нели? Исто така, ќе се почувствувате вие кога ке ви викне шефот, работодавачот, шалтерски работник, лекар или возач од градскиот превоз. Па зошто тогаш го правите тоа? Затоа што бевте изнервирани? Бидејќи не ги собрало играчките? Затоа што не ја испразнило чинијата ? Не напишало домашна работа?
Без оглед на причината, не го правете тоа повеќе, бидејќи, како што велат психолозите, ја уништува самодовербата на детето. Покрај тоа, викањето е контрапродуктивно, бидејќи до човечкиот мозок во тие моменти не стига изразената порака туку само начинот на кој таа се изговара. Затоа, деца воспитувајте ги без викање, а тоа ќе го можете само ако се смирите кога ќе ви дојдат тие ваши жолти минути.
Длабоко диши додека не се смириш
Ако сметаш дека чашата ќе се излие поради нешто што вашето дете има направено, брои до 10, а потоа, доколку е потребно, напушти ја собата за да се смириш. Диши длабоко и кревајте ги и спуштете ги рамената за да се релаксирате. Ако ова не помогне, тогаш повторувај, “Ова е само дете”, додека не ви помине лутината и потребата да го кренете тонот.
Намалете го ризикот од несакани ситуации
Родителите децата најчесто ги вадат од такт поради непослушност, непристојно однесување, терање инат, плачење и слични работи кои ги прават поради замор, глад, жед … Затоа никогаш не го потценувајте важноста на правилната, редовната и балансирана исхрана, квалитетот на сонот и да се одморат затоашто сето тоа ќе ви помогне за избегнување ситуации каде што често викате. Ако ги применувате овие правила и за себе, има помали шанси вашето дете да ве извади од колосек.
Не го повторувајте барањето 100 пати
Кога постарите деца одбиваат да ве слушаат, да го средат нередот или да напишат домашна задача, не го повторувајте барањето, особено не во високи тонови, бидејќи во повеќето случаи тоа нема да донесе плод. Укинувањето на џепарлакот, излегувањето, тренингот, , земање на таблетот или телефонот е многу поефикасно од викање, бидејќи по неколку казни тие ќе сфатат дека мора да ги почитуваат правилата. Најлошото е ако детето се навикне на високиот тон и само слуша кога ќе зборувате со висок тон, бидејќи тоа значи дека вашите зборови нема да имаат никаков ефект кога ќе ги кажете во нормален тон.
И конечно – ајде да бидеме искрени – викањето не може да се избегне, без разлика колку е тешко да се обидете да се држите назад. Но, тоа не значи дека треба да ви пријде во навика, и кога лутина ќе ви помине, објаснете му на вашето дете што ве натерало да викате. Кажете му дека станува збор за вашата несоодветна реакција на неговото несоодветно однесување и дека треба и Вие и оно да го избегнувате затоа што се чувствувате лошо за тоа.
Ако детето е премногу мало за да го разбере таквото објаснување, покажете му преку нежност и внимание дека неговата грешка ја предизвикала вашата и дека ви е жал за тоа.