Смирувачки звуци
Премногу врева, многу шарени и бучни играчки, мобилни уреди, телевизиски програм, силно светло и гостите можат да бидат премногу за бебето. Тие се осетливи. Им годи се што е бавно, пригушено светло, смирувачки глас, нежни допири. Дури и ако денот сте го поминале на бучно место, бебето навечер може да биде раздразливо и плачливо.
Најдобро е веднаш после вечерата и преслекувањето, бебето да го однесете во затемнета соба. Не се грижете дека бебето ќе се плаши, тоа е премало за да има ноќни стравови. Белата врева може да помогне да се пригуши шумот кој доаѓа од надвор или од другите простории. Белата врева можете да ја направите со помош на звук од фен или правосмукалка. Тие звуци го смируваат бебето и го потсетуваат на времето кога го слушало шуштењето на водата во стомакот на мајката.