ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  СО БЕБЕТО НА МОРЕ
    СО БЕБЕТО НА МОРЕ

    СО БЕБЕТО НА МОРЕ

    Прв пат сте со бебето на море, бебето можеби ќе се исплаши од бучавата, гужвата, од брановите и ќе одбива да влезе со вас во вода. Пожелно е постепено мокрење и прилагодување на водата, најдобро во базенче покрај морето (бебето никогаш не го оставајте без да го надгледувате, ез разлика што водата во базенот е плитка). Бебето придржувајте го со една рака, а со друбата полека полеваје го со водата од базенот. Немојте ништо да правите со сила.

    Личноста која го држи детето, влегува во морето се додека цврсто стои на нозете, детето треба да е држи во рацете и полека да го полева со едната рака, кога детето малку ќе се навикне на водата и на нејзината температура, ќе видите дека таа му се допаѓа ставете го во гума за бебеиња(гума со отвори за нозете). Во нив бебињата се најбезбедни, имаат чувство како да седат во фотеља. Не е добро бебето од 6 месецида седи подолго од 10 минути во вода. После капењето бебето треба да се исплакне со слатка вода, да се отстрани морската сол, ако во морето има планктони, и е матно треба да се употреби и сапун. Не е препорачливо бебе помало од 6 месеци да се капе во море.

    Пливањето спаѓа во најубавите спортски активности за бебињата и децата. Влијае на нивниот развој, а капењето за нив претставува право уживање, без разлика дали е во базен или на море и река. Бебињата сеуште не можат да ги контролираат физиолошките потреби, затоа на пазарот има еднократни пелени за капење. Направени се од еластичен материјал, лесно се облекуваат, имаат многу мала моќ на пропуштање на вода, и се за еднократна употреба. Дизајнот им е шарен па бебињата и малите деца лесно ги прифаќаат.