СО БЕБЕТО ВО АВИОН
На патување во авион со бебето
За многу мајки подалечното патување не е во опција затоа што се плашат како нивното дете ќе го поднесе патувањето. Возењето со автомобил овозможува поголема удобност од на пример со воз или автобус, затоа што може да застанете кога ќе посакате, да направите по потреба и подолга пауза за прошетка, јадење или за во тоалет….
Но, патувањето со авион со бебето за многу е голем предизвик, и самото размислување за тоа што се може да се случи преставува загриженост: бебето може хистерично да вика, ќе се уплаши, ќе има проблем поради затнатите ушиња, нема да има доволно место за шетање, како ќе се маенуваат пелените… безброј други прашања и загриженост.
Еве што кажуваат искусните мајки кои поминале низ сето тоа и преживеале:
Што да подготвите дома за патување со авион:
Кога ќе резервирате карта, барајте да бидете во прв ред. Секогаш има повеќе место за нозете а ќе обезбедите и никој да не ви се наведнува над седиштето и над бебето.
Размислувајте за тоа да ја оставите торбата за пелени, се може да ставите во ранец. Ако патувате сами со бебето, потребни ви се двете раце.
Картите за авион, документите и парите носете ги во торбичка околу врат. Се ќе ви биде средено и на рака и нема шанси нешто да се случи.
Немојте да да заборавите да ставите прслук за доење и блуза која лесно се раскопчува како би можеле полесно да го доите бебето без соблекување.
Спакувајте по една пелена за секој час за време на летот ако бебето е многу мало. Немојте да ризикувате за потоа да размислувате дали ќе имате доволно пелени за цел пат.
Спакувајте хартиени марамчиња кои ќе ги поставите на масата за преслекување на бебето. Секако ќе сакате бебето да го спуштите на нешто чисто. Ако ставате обична платнена пелена, ќе ви требаат повеќе. Зашто да се оптоварувате?
На аеродром со бебето
Прифатете ја секоја помош и поминување преку ред. Патувате со мало дете и нормално дека треба да ве пуштат први да влезете во авион и да се сместите.
Помош ви е потребна и ако во авион влегувате со количка. Побарајте од некого од членовите на посадата да ви помогне.
Размислувајте и за некоја сосема спротивна варијанта: останете што подолго на аеродром за да помине гужвата. Кога сите ќе седнат влезете со бебето во авионот.
Во авион со бебето:
Ако бебето се досадува шетајте. Пролазот во авион е тесен и можеби нема сите патници да бидат одушевени, ама ако е тоа она што го смирува вашето бебе- само напред.
За затнатите ушиња на бебето ништо нема да му помогне како доброто јадење-најдоброто цицање кое бебето ќе го смири а можеби и ќе го успие.
Ако сакате да го згреете шишенцето со млеко, искористете го вашето тело за тоа. Ставете го помеѓу бутовите и држете го колку што е потребно. Мајките кажуваат дека за големо шише е потребно максимално еден час.
Извадете ја играчката која сте ја купиле баш за патување со авион-нешто што на бебето бар на кратко ќе му го задржи вниманието затоа што ја гледа прв пат. Тоа ќе ви обезбеди малку мир и одмор.
Многу бебиња работата на моторот ги заспива. Да се надеваме дека вие ќе ја имате таа среќа.