Со која храна ја намалуваме анемијата за време на бременоста?
Храна богата со железо која би требало да ја користат жените, особено бремените жени?
* темно, лиснат зеленчук (спанаќ, блитва и кељ)
* сушено овошје (кајсии, сливи, грозје, смокви)
* мешунки (грав, грашок)
* јајца (жолчка)
* месо (црвено месо, џигер)
Оваа храна може да помогне да се поправи анемијата и нејзините симптоми. Предноста на конзумирање на храна богата со железо во споредба со таблети е во подобра апсорпција на железото од храната.
Исто така, не постои ризик од несакани реакции кои може да се појават за време на третманот со таблети за железо. Препорачливо е да се користи оваа храна и онаа која е со природен извор на витамин Ц, бидејќи подобро го апсорбира железото. Она на што мора да внимавате е тоа дека треба да се избегнуваат млечни производи и друга храна богата со калциум, кои можат да пречат во апсорпција на железото.
Сок за подобрување на крвната слика
Неопходно е:
1 кг лимон
1 кг цвекло
1 кг зелени јаболка
1 кг моркови
Подготовка :
Се заедно ставете во блендер, или изрендајте на ренде, измешајте и оставете го да стои преку ноќ во стаклена сад. Во утринските часови процедете го сокот и “терапијата” може да почне. Пијте три пати на ден пред секој оброк.
Чај од коприва
Осум лажици ситно сецкани листови од коприва да ги прелиете со претходно зовриена вода. Оставете ги да одстојат два часа, процедете ги и пијте во текот на целиот ден.
Појадок богат со железо
5-6 лажици овесни снегулки прелијте ги со соја млеко. Додадете две лажички какао, лажица мелени ореви и цимет по желба. Пред оброкот напијте се сок од портокал со лажичка мед.