• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Со овие намирници спречете ја желбата за слатки кај децата
Со овие намирници спречете ја желбата за слатки кај децата

Со овие намирници спречете ја желбата за слатки кај децата

Родителите треба да им даваат на децата повеќе зеленчук како би ја спречиле желбата за слатки, тврдат стручните лица.

Истражувањата кои се спроведени на Кралевскиот Колеџ за педијатрија и здравје на деца покажаа дека храната за бебиња на која пишува “без додаток на шеќер” често содржи шеќер, мед или овошен сок. Во извештајот се наведува дека Владата треба да воведе задолжителни граници за количината на шеќер, вклучувајќи го и шеќерот во овошјето и во детската храна.

Стручните лица сметаат дека родителите на децата треба да им нудат горки вкусови, поради тоа што истото ќе ги штити децата расипување на забите, лошата исхрана и гојазноста.

Исто така, препорачуваат родителите на децата наместо слатки пијалоци да им даваат свежо овошје, млеко или незасладени млечни производи.

Професорката Мери Февтрел која раководеше со ова истражување кажа дека производите за бебе често имаат висок процент на овошје или сладок зеленчук.

“Пасираната или течна детска храна спакувана во кесички исто така има висок процент на шеќер. Храната за бебиња може да биде означена како во неа да нема додатен шеќер, но шеќерот од овошјето исто така делува на забите и на метаболизмот” вели Февтрел.

Додава како бебињата имаат склоност кон слатки вкусови, но родителите тоа не би требало да го поттикнуваат.

“Бебињата сакаат да испробаат разни вкусови ако им се пружи шанса. Поради тоа е многу важно да се запознаат со различните вкусови и од мали нозе да јадат брокули и спанаќ”,појаснува.

Нагласува дека родителите треба да учат за улогата на шеќерот на детскиот организам.

“Вишокот на шеќер е еден од водечките причинители за пропаѓање на забите. Дури 23% од пеесетгодишниците имаат проблем со забите” наведува додавајќи и како шеќерот допринесува за гојазноста кај децата.

Научниот советодавен одбор за исхрана во Велика Британија препорачува шеќерот да не чини повеќе од 5% од дневниот внес на енергија за деца кои имаат две или повеќе години, а уште помалку за деца кои имаат помалку од две години.

Истовремено, резултатите од Националната анкета за исхрана укажуваат дека просечниот дневен внес за деца помеѓу шест месеци и три години е 11,3% што е два пати повеќе од препорачаната количина.